Албанија потпиша со СБ спогодба за заем во висина од 150 милиони долари

Од:

Албанската Влада и Светската банка потпишаа во Тирана спогодба за заем во износ од 150 милиони долари со цел финансирање на проект за преструктуирање на енергетскиот сектор во Албанија, кој се наоѓа на прагот на банкрот.

Доставувањето на заемот беше одобено на 29 септември од Управниот совет на СБ и има цел да ја подобри финансиската состојба и одржливоста на тој сектор со акцент на подобрување на снабдувањето со струја.

Претставничката на СБ, Елен Голштејн изјави дека реформите се единствениот начин за Албанија и оти тие треба да се реализираат независно од цената, која треба да се плати за нив.

Би можело да ве интересира

МАЕИ бара јавно извинување за етикетирање на македонската заедница во Албанија како „Северномакедонци“, од албанската амбасадорка во Софија

Муцај: Сигурен сум дека Македонија ќе најде решение со Бугарија

Албанија – прва земја од Балканот која го забранува ТикТок

А1он

Светска банка: Постепено зголемување и изедначување на возраста на пензионирање на мажите и жените и постепено зголемување на стапката на придонесот

А1он

Мицкоски: Граѓаните да не наседнуваат на провокации, упатувам порака за единство и смиреност

Во Албанија уапсен е водач на картел по запленувањето на 703 килограми хероин