Албанија планира да побара меѓународна арбитража во спорот со ЧЕЗ

Од:

Албанската Влада најави дека планира да побара меѓународна арбитража во спорот со ЧЕЗ предизвикан со одземањето на лиценцата на чешката електроенергетска компанија.

Според албанскиот заменик-министер за енергетика Ено Боздо, Албанија ќе ги искористи сите законски средства за да добие обесштетување од ЧЕЗ.

Албанската регулаторна комисија неодамна и ја одзема лиценцата за стопанисување со енергетскиот систем во земјата на ЧЕЗ, поради „непридржување кон договорот со Владата на Албанија“.

Според Комисијата, ЧЕЗ не ги исполнила обврските од договорот кои се однесуваат на увозот на струја и на инвестиции во модернизацијата на албанскиот електроенергетски систем. Комисијата смета дека поради ова ЧЕЗ е должна да и исплати отштета на Албанија.

Експертите проценуваат дека со одземањето на лиценцата, ЧЕЗ ќе загуби најмалку 200 милиони евра.

Би можело да ве интересира

Земјотрес ја погоди Албанија

Горан Наумовски

УЕФА ја казни Албанија

(ВИДЕО) Уапсен полицаец од Албанија осомничен за низа кривични дела

Горан Наумовски

Северна Македонија ѝ го предаде на Албанија претседавањето со ПСЈИЕ

A1on

Албанското обвинителство бара 93 години затвор за шверцери на кокаин

Албанците од Косово, Македонија и Црна Гора нема да полагаат познавање на албанскиот јазик при добивање државјанство