Албанија ќе побара меѓународна помош за да ја утврди големината на буџетскиот дефицит

Од:

Албанија ќе побара меѓународна помош за да ја утврди големината на „дупката“ во буџетот на земјата, пренесе агенцијата АНА-МПА.

Новиот албански премиер Еди Рама, кој во септември треба да го преземе управувањето со земјата, изјави дека албанската економија „ќе се поврати“, но прво ќе треба да се дознае колку длабока е „црната дупка“, оставена во буџетот од претходната Влада.

Рама истакна дека од овие причини побарал помош од меѓународна финансиска институција.

– Со голема прецизност и што е можно побрзо треба да дознаеме колку голема е оваа „дупка“ во буџетот, предизвикана од катастрофалната економска и буџетска политика на кабинетот на Сали Бериша и затоа имаме потреба од продлабочена, објективна и независна анализа, напиша новиот албански премиер на својот профил на Фејсбук.

Овој чекор ќе биде преземен веднаш откако новата влада ќе почне да ги извршува своите функции, дополни Рама.

Би можело да ве интересира

Рама: На 11 мај минува историскиот воз за приклучување на Албанија во ЕУ во оваа деценија

А1он

МАЕИ бара јавно извинување за етикетирање на македонската заедница во Албанија како „Северномакедонци“, од албанската амбасадорка во Софија

Муцај: Сигурен сум дека Македонија ќе најде решение со Бугарија

Албанија – прва земја од Балканот која го забранува ТикТок

А1он

Мицкоски: Граѓаните да не наседнуваат на провокации, упатувам порака за единство и смиреност

Во Албанија уапсен е водач на картел по запленувањето на 703 килограми хероин