Аксиос: Германија го повика американскиот Конгрес да не воведува санкции за Северен тек 2

Од:

Германската влада бара од американскиот Конгрес да не воведува санкции за Северен тек 2, бидејќи ограничувањата може да ја ослабат довербата во САД. Ова се наведува во таен документ што германската амбасада во Вашингтон го испратила до Конгресот, а кој денеска го објави порталот Аксиос.

Во документот се наведува дека Берлин е „решен успешно да ги спроведе“ претходно постигнатите билатерални договори од 21 јули за „зајакнување на енергетската безбедност на Украина и Европа, како и спречување Русија да го злоупотребува гасоводот за агресивни политички цели“.

Според Германија, „американските санкции за Северен тек 2 ќе ги поткопаат обврските преземени кон Германија во заедничката изјава (од 21 јули), ќе ја ослабат довербата во американската влада и ќе го загрозат постигнатото со заедничката изјава, вклучително и поддршката на Украина.

Според документот, ограничувањата „на крај ќе му наштетат на трансатлантското единство“. „Санкциите против американски сојузник ќе бидат само победа за Путин. „Загрижени сме дека зајакнувањето на унилатералната акција на американскиот Конгрес ќе ги поткопа заедничките напори и сериозно ќе го ослабне трансатлантското единство кон Русија“, се вели во документот.

Според Берлин, спроведувањето на договорите постигнати во јули „е најдобар начин за заштита на интересите на Украина“ и „гаранција дека Русија нема да ги користи енергетските ресурси како оружје“. Германската влада нагласува и дека Северен тек 2 во моментов не претставува закана за Украина, се додека е обезбеден разумен транзит на гас, пренесува Аксиос.

Би можело да ве интересира

Шпигел: Пратениците на СПД не го сакаат Шолц за кандидат за канцелар туку Писториус

Захарова ја повика Германија да го укине статусот на почесен граѓанин на нацистите

Горан Наумовски

Германија има хроничен недостиг од возачи на камиони: „Ни требаат уште 100.000“

Шолц ќе побара гласање за доверба на владата на 11 декември

Малолетник планирал терористички напад во Германија: Сакал да го спроведе пеколниот план за време на божиќните празници

Марија Захарова: Политичкиот систем на Германија е класична „банана република“