Ако не се пролонгираат роковите, ќе добиеме искривена слика за целата економија, предупредија сметководителите

Од:

Министерствата за финансии и за економија да ги искористат своите надлежности и да ги пролонгираат роковите за годишни сметки. Ако тоа не се случи, ќе добиеме најнеточни завршни сметки какви што не памти историјата на државата и искривена слика за целата економија, предупредија денеска сметководителите.

Барањето, како што беше речено на прес-конференција, е директно поврзано со петтиот сет мерки, а за него досега се немало слух поради игнорантскиот однос на одредени структури во двете министерства.

-Со завршните сметки мора да се вратат сите кои земаа плати во вториот и третиот сет мерки. Затоа и ги брзаме завршните сметки, да ги поднесеме до 15 март, за да можеме врз основа на завршните сметки деловните субјекти што земале финансиска помош во однос на платите да бидат рефундирани и да може да се фати понатаму циклусот за следниот сет мерки, истакна на прес-конференција претседателот на Комората на сметководители, Драган Митковски.

Сметководителите повторно предупредија дека со роковите кои наближуваат, 28 февруари и 15 март за електронското пополнување, но и со обврските кои постојано им се зголемуваат, невозможно е да се одработат сите операции за да се подготват годишни сметки без грешки и без последици по деловните субјекти. Како што напомена Митковски, ќе бидат приморани на импровизација поради што ќе се добие искривена слика за целата економија.

– Поради брзањето да ги запазиме роковите, ќе добиеме тотално искривена слика. Не наидовме на прием од министерствата за финансии и за економија за тоа што постојано го баравме и апелиравме поради игнорантскиот однос на некои нивни структури. Тоа загрижува и ќе доведе до тоа завршните сметки да бидат најнеточни во историјата на државата. Би потсетил и дека години наназад бараме да се изземе образецот за статистика во завршната сметка зашто е најнеточен и нема логична поддршка, истакна Митковски и потсети дека сметководителите

Според потпретседателката, Ана Тасевска, и дел од сметководителите се позиитвни на КОВИД или се во изолација, поради што не се во можност да ги извршат своите работни обврски.


-Со оглед дека не беше земен предвид нашиот апел за пролонирање на роковите за завршните сметки, сега само бараме да се имплементира членот 477 од Законот за трговски друштва кој вели дека поднесувањето на завршните сметки е два месеца по истекот на календарската година, освен кога законодавецот може да го искористи своето право и да го продолжи за уште еден месец, како што се случи лани и на на 13 март добивме пролонгирање до 24 март, објасни Тасевска.

Тасевска додаде и дека не треба да се чека да помине уште време зашто тоа е дополнителен стрес за сметководителите.

-Смешни се оправдувањата од ресорните министерства дека пролонгирањето на роковите не може да се случи поради статистичките податоци во ЕУ кои, патем, не верувам дека зависат баш од нас, истакна Тасевска.

Сметководителите во неколку наврати досега бараа пролонгирање на роковите за поднесување на финансиските извештаи и завршните сметки согласно можностите што ги дава Законот за трговски друштва.

Одговорајќи на новинарски прашања, претседателот на Комората на сметководители, Драган Митковски рече дека ниту една од компаниите-членки на ССК кои користеле помош за плати од државата, не направиле злоупотреба.

Би можело да ве интересира

МФ: Усвоен новиот закон за сметководствени работи, подигнување на капацитетите и стручната подготвеност на сметководителите

И танц-клубовите на протест, бараат укинување на забраната за нивна работа

Ана Ололовска

Од утре и сметководителите на протест, ќе им се придружат на туристичко-угостителските работници

Ана Ололовска

Бесими на средба со сметководителите: Заеднички ќе работиме на нов закон што ќе ја унапреди сметководствената професија

Катерина Ѓуровски

Бектеши: сметководителите и не биле толку погодени од пандемијата, нема пролонгирање на рокот за завршните сметки

Маја Илиевска-Пачемска

Сметководителите под стрес оти Владата не попушта и не го продолжува рокот за поднесување завршни сметки

Маја Илиевска-Пачемска