АХВ заплени и уништи 1.740 килограми небезбедна храна

Од:

Агенцијата за храна и ветеринарство пред Велигден спровела 617 вонредни контроли при што уништени се 1.740 килограми небезбедна храна.

При контролите утврдено е дека 16 оператори не ги задоволуваат хигиенските барања за безбедност на храната и техничките услови во објектите, а четири оператори не ги спровеле задолжителните здравствени прегледи на вработените или тие имале санитарни книшки со истечен рок на важност.

Пет од операторите не биле регистрирани како оператори со храна во АХВ, а кај осум биле пронајдени несоодветно означени производи.

– За утврдените недоследности кај различни категории оператори со храна, издадени се 44 решенија за нивно отстранување. За пуштање во промет на небезбедна храна и утврдени недоследности од поголем обем, изречени се и 30 парични казни во износ од 25.400 евра во денарска противвредност, информира АХВ.

Би можело да ве интересира

АХВ лани спровела над 125 илјади контроли, изречени казни од 618 илјади евра

Казни од 40 илјади евра по вонредните контроли во маркети и хипермаркети од страна на АХВ

Предраг Петровиќ

Дваесет и една препорака на ИЈЗ за претстојните празници во врска со прејадување, алкохол и користење пиротехника

АХВ уништи над 624 кг. небезбедна храна, изречени се казни од над 33.000 евра

Миланов унапреди роднината на раководна позиција во АХВ

Казна за операторот со храна по труењето во „Димо Хаџи Димов“

Катерина Ѓуровски