„Агротиквешија“: Дел од лозарите чекаат пари за ланското грозје од винариите

Од:

Се уште има винарски визби кои не го платиле ланското грозје иако помина законскиот рок во кој требаше да го сторат тоа, информира претседателот на регионалниот сојуз на лозари „Агротиквешија” од Кавадарци, Љупчо Аризанов.

– За жал некои од винарите се уште имаат обврски кон лозарите. А требаше да го платат грозјето до крајот на минатиот месец.

– Не знаеме точно да кажеме колкава е висината на вкупниот долг што го имаат кон производителите на грозје, но апелираме да го исплатат во најкус можен рок со цел да не се соочат со санкции па во иднина да не можат да откупуваат грозје, рече Аризанов.

Тој нагласи дека на лозаропроизводителите полека им станува јасно кои винарници се несериозни во плаќањето на откупеното грозје па во иднина ќе избегнуваат да го дадат својот род од лозјата кај нив.

Би можело да ве интересира

Лозари бараат сушата да се прогласи за елементарна непогода

МЗШВ: Лозарите претходната Влада ќе ја паметат по ниските откупни цени и безредие

Николовски на средба со претставници на лозарите од Тиквешијата: Обезбедуваме поддршка за секој лозар по хектар произведено грозје

Лозарите го блокираа патот Кавадарци – Неготино

Незадоволни лозари ќе протестираат в среда на регионалниот пат Неготино – Кавадарци

Николовски: Лозарите субвенциите ќе ги добијат пред „Св. Трифун“

Горан Наумовски