Агротиквешија”: Да останат ланските цени за килограм грозје

Од:

Да останат минатогодишните цени за килограм грозје, побараа лозаропроизводители кои беа присутни на средбата што синоќа се одржа во салата на зградата на општина Кавадарци.

На средбата иницирана од Регионалниот Сојуз на лозари „Агротиквешија” присуствуваше и градоначалникот на Неготино Ванчо Апостолов.

Претседателот на „Агротиквешија” Љупчо Аризанов на средбата ги запозна присутните за тоа како се одвивале четирите средби со претставници на винариите, под медијаторство на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, во пресрет на годинешниот гроздобер.

– Винарите бараат благо да падне цената на винското грозје. Сакаат да закинат една шеќерна единица или да се симне нејзината вредност. Поединечно за секој од нас тоа не е многу, но гледано во државни рамки, тоа се тешки пари, околу милион и 600 илјади евра. Ние стоиме на ставот да си останат ланските цени и ланските шеќерни единици, рече Аризанов пред присутните.

Обраќајќи им се на лозарите, градоначалникот Апостолов нагласи дека целта им е иста – да се создаде што е можно поповолен амбиент оваа година, кога е во прашање претстојниот откуп на грозјето.

– Во досегашните преговори дел од изнесените предлози околу цените за килограм грозје беа наши, а свои предлози даваа и винарите, како и претставниците на Министерството за земјоделство. Директорот на Земјоделскиот инспекторат вети постојано присуство на нивните инспектори на откупните пунктови, додека таму се носи грозје, додаде меѓу другото Апостолов.

Би можело да ве интересира

Николовски на средба со претставници на лозарите од Тиквешијата: Обезбедуваме поддршка за секој лозар по хектар произведено грозје

Лозарите го блокираа патот Кавадарци – Неготино

Незадоволни лозари ќе протестираат в среда на регионалниот пат Неготино – Кавадарци

Николовски: Лозарите субвенциите ќе ги добијат пред „Св. Трифун“

Горан Наумовски

Лозарите бараат поголема поддршка од државата, велат дека винарите им ги нудат ланските откупни цени

За празникот на лозарите и винарите „Тиквеш“ го претстави првото вино од сертифицирано органско грозје

Ана Ололовска