АЕК промовираше Софтвер за електронски регистар на мрежи на операторите

Од:

Македонија доби регистар на јавна електронска комуникациска инфраструктура, која ги опфаќа сите податоци за подземните и надземните телекомуникациски водови и инфраструктура од сите оператори. Софтверот го имплементираше Агенцијата за електронски комуникации на Република Македонија, а достапен е од денеска.

Софтверот озвозможува комуникација со останатите државни институции, со што се обезбедува поголема заштита од оштетувања при градежни работи, полесен пристап до информации и објавување податоци за слободните капацитети на операторите, со што ќе се промовира поголема искористеност на постоечките капацитети.

За проверка на постоењето или непостоењето на подземна јавна електронска комуникациска инфраструктура од страна на граѓаните, Агенцијата подготви веб страницаhttp://tkmrezi.aek.mk/gisPublic/. Корисниците со избор на радиусот во кој се пребарува, зумирање на определено подрачје и кликнување на картата добиваат информација дали постои подземна јавна електронска комуникациска инфраструктура. Доколку сакаат да се информираат повеќе за тоа, може да се обратат во АЕК. Софтвер претставува централна точка во државата каде што ќе бидат собрани сите податоци за подземните и надземните телекомуникациски водови и инфраструктура, од сите оператори во земјава.

– Имплементиравме Софтвер за електронски регистар за јавни електронски комуникациски мрежи и инфраструктура, бидејќи сметаме дека граѓаните на Македонија треба да добијат информации за подземните и надземните телекомуникациски водови, за слободните капацитети и целокупната инфраструктура. Со помош на овој софтвер ќе се олеснат и осигураат сите градежни активности од можни проблеми и оштетувања при градежни работи.  Дополнително, софтверот ќе ја олесни комуникацијата помеѓу сите засегнати институции, а со тоа ќе се забрза и олесни постапката за реализирање градежни работи на територијата на Македонија, изјави директорот на Агенцијата за електронски комуникации Роберт Ордановски.

Тој додаде дека покрај компании и операторите, ќе имаат корист и локалните самоуправи  затоа што ќе имаат информации каде поминуваат подземните водови од операторите, a ќе може да го користат и при изготвување на урбанистички планови.

АЕК работеше на имплементација на овој проект една година. Ордановски потенцира дека добиле податоци од сите оператори и оти од денеска се што е присутно во Атласот е легална мрежа, а се што не е присутно е нелегална. Од утре, појасни, практично секој оператор што ја нема пријавено својата мрежа во атласот на АЕК има нелегална мрежа и на тоа следат санкции од инспекторатот на АЕК и локалните самоуправи. Како што рече, операторите за нелегална мрежа ќе добијат предупредување, а доколку не го корегираат тоа предвидена е казна од седум до 10 проценти од годишниот приход.

Ова е прв ваков софтвер за јавна електронска комуникациска инфраструктура во регионот.

Ордановски најави дека АЕК и понатаму ќе продолжи да работи на корисни проекти, се со цел подобра комуникација во сите сфери на живеењето.

Би можело да ве интересира

Анализа на АЕК: Недостиг на пазарна конкуренција во мобилната телефонија, влезот ограничен

Горан Наумовски

Грчка полиција уапси маж кој е осомничен за убиството на навивачот на АЕК

Горан Наумовски

АЕК за транспарентот „Косово е Албанија“: Ќе ги најдеме одговорните

(ВИДЕО) Нова снимка од Грција: Наводно се гледа моментот кога навивач на АЕК е избоден со нож

Мајката и вујкото на убиениот навивач на АЕК им се заблагодарија на играчите што го исфрлија Динамо

(ВИДЕО) Грците објавија нови снимки од последните моменти на убиениот навивач на АЕК