АЕК: Нема правна пречка за примена на новите цени за роаминг услуги

Од:

Веќе не постои правна пречка за примена на новите цени за  роаминг услугите помеѓу Македонија, Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина согласно потпишаната спогодба што треба да стапи во сила од 1 јули, соопшти денеска македонската Агенција за  електронски комуникации.

Според АЕК, и покрај тоа што во изминатиот период имаше одлука на Управниот суд на Црна Гора со која беше укинато решението на нивниот регулатор, изготвено е ново решение кое денеска им е дадено на црногорските оператори во согласност со насоките од Управниот суд.

АЕК во согласност со Законот за електронските комуникации по јавна расправа од еден месец на 10 март годинава донесе Одлука за утврдување на максималните цени на услугите во роаминг во јавни мобилни комуникациски мрежи со земјите со кои Република Македонија потпиша регионална спогодба за роаминг. Со оваа одлука се утврдија максималните цени за појдовни и дојдовни повици во роаминг во големопродажба и малопродажба кои, истакнува АЕК, се значително пониски од постојните цени. Цената на минута разговор во роаминг за македонските граѓани се намалува  за повеќе од 73 проценти, а на мегабајт интернет  за  над 90 проценти.

Ако во јули лани за минута разговор македонските граѓани плаќале 67,9 денари, од задутре, согласно спогодбата, цената ќе изнесува 17,9 денари, од 1 јули 2016 ќе изнесува 14,8 денари, а од 1 јули 2017  цената ќе биде 11,7 денари.  Наместо 12,3 денари колку што чинеше порака во јули лани, од 1 јули годинава ќе се плаќа по 5,6 денари, од 1 јули 2016 година цената ќе биде 4,9 денари, а од 1 јули 2017 година 3,7 денари.

За мегабајт интернет во роаминг лани се плаќаше 370 денари, а од 1 јули ќе чини 43,2 денари, од 1 јули 2016 година 27,8 денари, а од јули 2017 година ќе се плаќа по 12,3 денари.

Би можело да ве интересира

Анализа на АЕК: Недостиг на пазарна конкуренција во мобилната телефонија, влезот ограничен

Горан Наумовски

Лидерите на Европската Унија усвоија 18 заклучоци, од кои еден се однесува на роамингот на Балканот

Грчка полиција уапси маж кој е осомничен за убиството на навивачот на АЕК

Горан Наумовски

АЕК за транспарентот „Косово е Албанија“: Ќе ги најдеме одговорните

За 30 отсто поевтини роамингот за македонските граѓани со земјите од ЕУ, од 2028 цените се изедначуваат

Ќе плаќаме помали сметки – Од денеска се намалуваат цените за интернет во роаминг со земјите од ЕУ