АЕК ќе гради телекомуникациска кула на Водно

Од:

Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) денеска ќе почне изградба на нов антенски систем за контрола и мониторинг на радиофреквенции за територијата на целата држава.

Антенскиот систем, што ќе биде изграден на врвот на Водно, всушност ќе претставува кула висока 155 метри со централно армиран бетонски столб на кој ќе бидат сместени четири конзолни платформи со површина од 180 до 200 метри квадратни. Ќе има и челично решеткаст столб, а на врвот антена.

Директорот на АЕК Роберт Ордановски на прес-конференција пред поставувањето на камен-темелникот информира дека изведувач на градежните работи, што ќе траат пет години, е градежното друштво „Гранит“. Вредноста на договорот за градежни работи е 1.084.706.000 денари, финансии на Агенцијата.

Антенскиот систем се гради на врвот на Водно како најпогодна локација што ќе придонесе за подобро покривање на дел од територијата каде има најголема концентрација на емитери. Во него ќе биде сместена софистицирана опрема со помош на која АЕК ќе може да прави мониторинг на сите емитувања на радиофреквенции што ги користат операторите на јавни електронски комуникациски мрежи и услуги, јавниот радиодифузен сервис и трговските радиодифузни друштва, авионавигацијата, функционалните системи. Со тоа, истакнуваат од АЕК, ќе се намалат можностите од појава на разни пречки и интерференции.

– Поради својот специфичен изглед сметаме дека кулата ќе биде симбол за АЕК и од тие причини Агенцијата го редизајнираше своето лого во кое сега е ставен и новиот објект по кој веруваме дека со тек на времето ќе биде препознатлив и Градот Скопје, нагласи Ордановски.

Изградбата на антенскиот систем, според Ордановски, е предвидена со Програмата за работа на АЕК од минатата година, што ја одобри републичкото Собрание.

Обезбедени се сите потребни дозволи за градба од надлежните општини и од Министерството за транспорт и врски, извршени се статички испитувања, односно исполнети се сите потребни технички параметри. Намерата на АЕК е во иднина врвот на Водно да биде расчистен од бројните присутни антени и во нивната централна кула да се префрлат сите радиодифузери и мобилни оператори.

За проектот за антенскиот систем АЕК користеле искуства од државите во регионот.

Би можело да ве интересира

Анализа на АЕК: Недостиг на пазарна конкуренција во мобилната телефонија, влезот ограничен

Горан Наумовски

Грчка полиција уапси маж кој е осомничен за убиството на навивачот на АЕК

Горан Наумовски

АЕК за транспарентот „Косово е Албанија“: Ќе ги најдеме одговорните

(ВИДЕО) Нова снимка од Грција: Наводно се гледа моментот кога навивач на АЕК е избоден со нож

Мајката и вујкото на убиениот навивач на АЕК им се заблагодарија на играчите што го исфрлија Динамо

(ВИДЕО) Грците објавија нови снимки од последните моменти на убиениот навивач на АЕК