АД ЕСМ произведува со два блока од РЕК Битола и еден блок РЕК Осломеј

Од:

Во моментот АД ЕСМ произведува преку два блока во РЕК Битола, еден блок во РЕК Осломеј, и хидроелектраните, кои се користат пред се за системски услуги, информираат Електрани на Северна Македонија.

„Со оглед на тоа што се произведува со три блока од термоектраните и со оглед на топлото време, конзумот се задоволува со наведените капацитети.

ТЕЦ Неготино работеше во периодот додека се изведуваше ремонтот на Блок 1 во РЕК Битола, и со повторното вклучување на Блок 1 во системот, се создадоа услови за исклучување на ТЕЦ Неготино и вршење сервисни и ремонтни активности врз истиот со цел зајакнување на постројката, заради поголема довеерливот за следниот период, кога потрошувачката ќе се зголеми и кога сите капацитети на ЕСМ ќе мора да бидат вклучени“, се додава во соопштението од Електрани на Северна Македонија.

Би можело да ве интересира

АД ЕСМ: Грејната сезона продолжува поради временските услови

Изборот за нов универзален снабдувач обвиткан со тајност

Почна реконструкцијата на автокампот Ливадишта во Радожда, се очекува да заврши до почетокот на летото

Нема пазарна логика да се приватизира АД ЕСМ, тврди Бислимовски

ТЕЦ Неготино се спојува со ЕСМ за поисплатливо производство: Власта тврди дека нема да ги продаде

Орце Костов

ЕСМ нема да се продава додека ДУИ е на власт, вели Бектеши за спојувањето на ТЕЦ Неготино и АД Електрани

Орце Костов