777 фирми кои инвестирале за време на пандемијата се пријавиле за владина помош

Од:

До Министерството за економија пристигнати се 777 апликации од компании кои инвестирале во време на Ковид-19, но и од оние кои ќе инвестираат во 2021 година. Веќе е формирана комисија која треба да ги разгледа апликациите и очекуваме во првата недела на октомври да се исплати финансиската поддршка на сите компании кои ги исполнуваат условите за добивање помош, изјави денеска министерот за економија Крешник Бектеши.

Бектеши ја даде изјавата по средбата со претседателот Неби Хоџа и тимот на Стопанската комора на северозападна Македонија (СКСЗМ) на која, како што рече, разговарале за динамиката на реализација на економските мерки.

Тој истакна дека во претходните три години имал одлична, отворена и транспарентна соработка не само со оваа, туку и со другите комори во земјава.

-За да се продлабочи соработката со СКСЗМ денеска им понудив да назначат нивен човек кој е во тек со работите на комората и да стане мој посебен советник. Со тоа сакаме да покажеме дека директно и на дневна база ќе бидат информирани и членовите на комората за сите политики кои се во фаза на креирање и за сите мерки и програми што се реализираат од страна на Министерството за економија, но и од Влада во целина, рече Бектеши по средбата и нагласи дека побарал од СКСЗМ да се вклучат што повеќе во креирањето на четвртиот сет на екномски мерки што во мементов ги креира економскиот тим на Владата.

Нагласи дека СКСЗМ може да предложи и свои мерки врз основа на барањата на нејзините членки.

Би можело да ве интересира

Митева: Владата достави предлог за разрешување на Јавниот обвинител

Горан Наумовски

Владата денеска решава дали ќе ги прифати предлозите на трговците или ќе донесе и свои мерки

Владата и Стопанската комора го поддржуваат денешниот бојкот на големите маркети

Горан Наумовски

Левица: Владата кажа дека нема да го помага ЕСМ – цехот ќе го плаќаат граѓаните со поскапо парно

Македонија ќе добие нови амбасадори во Украина, Јапонија и Хрватска

Се зголемија цените во ресторанот во републичкото Собрание и во Владата, но и во Клубот на пратеници

Горан Наумовски