4iG ги зајакнува врските со водечките американски вселенски и технолошки фирми во Вашингтон

Од:

Претседателот на Групацијата 4iG, Гелерт Јасаи, одржа состанок со директори од SpaceX и со водечки американски компании за вселенска и енергетска технологија, сигнализирајќи голем чекор кон подлабока трансатлантска соработка во иновациите, одбраната и истражувањето на вселената.

Јасаи оствари средба со Тим Хјуз, виш потпретседател за глобален бизнис и владини прашања во SpaceX, а на состанокот присуствуваа и амбасадорот Шаболч Такач и тимот на 4iG Space and Defense Technologies.

Одделна средба на високо ниво Јасаи оствари со Кам Гафаријан, основач и претседател на Axiom Space, X-energy, Intuitive Machines и IBX, а тема на разговорот беше американско-унгарската соработка за технологиите на следната генерација.

Axiom Space е лидер во развојот на комерцијални вселенски станици, додека Intuitive Machines е клучен играч во истражувањето на Месечината и вселената. Преку овие средби се проширува улогата на Унгарија во глобалната вселенска индустрија.

„Овие дискусии ја потврдуваат посветеноста на 4iG за поместување на технолошките граници и зајакнување на позицијата на Унгарија во меѓународниот сектор за вселенски и одбранбен простор“, изјави Јасаи.

„Преку партнерства со глобалните лидери како SpaceX и Axiom Space, го забрзуваме напредокот на Унгарија во сателитските комуникации, истражувањето на вселената и енергетската технологија“, додаде тој.

На состаноците било договорено да се унапреди сателитската програма HUSAT на 4iG, прва приватно финансирана сателитска иницијатива во Централна и Источна Европа, со потенцијални партнерства за лансирање на SpaceX. Меѓу останатото, нагласена била и потребата од зајакнување на соработката меѓу Унгарија и САД во делот на технолошките врски во вселената и одбранбените иновации.

Овие средби се продолжение на декемвриските состаноци кога новоизбраниот претседател Доналд Трамп беше домаќин на унгарскиот премиер Виктор Орбан во неговиот имот Мар-а-Лаго, а меѓу присутните беа министерот за надворешни работи и трговија Петер Сијарто, претседателот на Групацијата 4iG, Гелерт Јасаи и Илон Маск, советник на Трамп, основач и извршен директор на Tесла и SpaceX, како и Мајк Волц, актуелен советник за национална безбедност во САД.

4iG ќе продолжи со техничките дискусии и стратешкото планирање со своите партнери од САД во наредните месеци, а најавите за конкретни проекти и договори се очекуваат во 2025 година.

Би можело да ве интересира

Путин ја прогласи 2021 за година на науката и технологиите во Русија

Жарко Настоски

Кина ќе го зголеми вложувањето во технологија за да постигне повисок раст

Жарко Настоски

Гугл: Андроид телефоните ќе ги предупредуваат корисниците при појава на земјотрес

А1он

Компанијата на Илон Маск развива мозочен чип кој ќе може да го промени нашето расположение

А1он

5G технологијата станува реалност, Кина ќе изгради повеќе од 600 илјади базни станици до крајот на годината

А1он

Сони го објави датумот за презентација на новитетите на „PlayStation 5“

А1он