236 амандамани за ребалансот на буџетот

Од:

Во Собранието денеска почна комисиската расправа за ребалансот на буџетот. Според деловникот, расправата за кратењето на државниот буџет ќе трае 10 дена, поднесени се вкупно 236 амандмани.

– Во расходите повеќе од една милијарда се за Коридорот 10. Со предложениот ребаланс дефицитот ке изнесува 3,9% од БДП и со него Македонија ќе остане во групата на земји со ниска задолженост, изјави Ставрески.

И овој ребаланс, според опозициската ДПА, е дискриминаторски и антиалбански. Како резултат на сервилноста на ДУИ во владата и корупцијата на нивните функционери, во Македонија Албанците се без институционална грижа, живеат во сиромаштија и во градови без инвестиции.

– Граѓаните да разберат дека станува збор за погрешни политики и фантазии, за експлоатација и осиромашување на Албанците. Тоа е вистината за Буџетот. За Албанците се пишуваат проекти, но под притисок тие исчезнуваат. За Албанскиот театар се намалуваат средствата за 30 милиони денари, библиотеката во Тетово добива 50 милиони денари помалку, Секретаријатот за спроведување на рамковниот договор има намалување од 1 милион денари, рече Беким Фазлиу од ДПА.

Би можело да ве интересира

Митрески: Борбата за работничките права не престанува никогаш

А1он

Собранието го донесе Законот за медиуми и други закони

Горан Наумовски

МЗШВ: Собранието го донесе новиот закон за вино, лозарите добиваат гарантирана откупна цена на винското грозје

Нов парламентарен состав до 28 мај

Катерина Ѓуровски

Последната седница на овој парламентарен состав ќе се одржи до крајот на месецов

Не е донесен Законот за игри на среќа, постапката заврши

Катерина Ѓуровски