„Златен лав“ за шведскиот режисер Рој Андерсон

Од:

На 71. издание од Меѓународниот филмски фестивал во Венеција наградата „Златен лав“ синоќа му беше доделена на шведскиот режисер Рој Андерсон за филмот „Гулаб седи на гранка размислувајќи за постоењето“.

Станува збор за филм составен од хумористични скечеви, кои за некои критичари биле одлични, а други пак биле збунети. Настанот се случува во современа Шведска со повремени моменти на надреализам и песни, каде двајца луѓе безуспешно се обидуваат да продаваат вампирски заби и други предмети за маскирање.

Примајќи ја наградата, Андерсон го споменал италијанскиот неореалистичен филм „Крадци на велосипед“ како остварување кое влијаело врз него.

„Сребрениот лав“ за најдобар режисер му е доделен на Русинот Андреј Кончаловски за речиси немата драма „Белите ноќи на поштарот“.

Холивудската ѕвезда во подем Адам Драјвер и италијанската актерка Алба Рорвахер ги добија наградите за најдобра машка и женска улога во филмот „Гладни срца“ на режисерот Саверио Костанцо.

Документарниот филм „Погледот на тишината“ на режисерот Џошуа Опенхајмер, посветен на масовните убиства во Индонезија во 60-тите години од минатиот век, ја освои Големата награда од жирито.

Жирито, со кое претседаваше композиторот Александер Депла, наградата за сценарио му ја додели на филмот „Талес“ на иранскиот режисер Рахштан Бани-Етемад, а турскиот режисер Кан Муждеџ доби специјална награда за драмата „Сивас“, во која се зборува за едно запоставено момче кое се зближува со воено куче.

Филмскиот фестивал во Венеција, кој започна на 27 август, е најстар меѓународен филски фестивал во светот, основан во 1932 година.

Би можело да ве интересира

Македонски филмови во мајската програма на Кинотека со фокус на творештвото на Столе Попов

Предраг Петровиќ

Venom 3 доби официјално име и датум на излегување

Предраг Петровиќ

Се снима краткиот игран филм „И покрај сè“

Филмот „Dune: The Second Part“ заработи над 200 милиони долари за само три дена

Уапсен маж осомничен за неовластена дистрибуција на филмот „Недела“

Бен Афлек го откри најлошиот филм во кариерата