„Животни“ – изложба на керамики од Соња Поповска Трајковска

Од:

Во Културно-информативен центар – Скопје, Салон Империјал 2 вечер ќе биде отворена изложбата на керамики од Соња Поповска Трајковска „Животни“. Изложбата ќе биде отворена до 15 мај.

-Животните се голема инспирација за творештво. Нивната разноликост е површина  за обработување со многу капацитет за текстура, стилизација, линија. Урбаноста на секојдневието ме наведе да им посветам дел од серијалот /циклус на животните, кои се најчесто од нашево поднебје, (не дека ги нема низ светот). Со Магарето почна се и така му се придружија преостанатите. Скулптурите се мал формат, моделирани во керамичка замја, печени, теракота. Продолжувам со овој материјал од многу причини, можности за обработување на површината, перфорирање а воедно задржан волумен. Делата на изложбата се изработени оваа година, вели авторката на изложбата од керамики.

Соња Поповска-Трајковска е родена 07 јануари 1969 година во Скопје. Дипломиран скулптор во керамика во ФЛУ Скопје во 1997 година. Од 1997 година активно редовно учествува на многубројни групни изложби во и надвор од државата, како и бројни самостојни изложби, организира и реализира авторски мултимедијални проекти. Таа е организатор во здружение на граѓани „Училница осум 8“, член е на ДЛУМ. Редовен ликовен педагог е во ООУ „Димо Хаџи Димов“-Скопје.

Би можело да ве интересира

Отворање на изложбата „Денис Боувен“ во МКЦ по повод Светскиот ден на уметноста

Предраг Петровиќ

Во Музеј галерија Кавадарци изложба на дела од ликовниот уметник Новица Трајковски

Во Струмица изложба „10 до 12“ на Костадин Батев

Се отвора изложбата „Координати на еден сон: 60 години проектирање современост МСУ СКОПЈЕ 1964 – 2024“

Во Кавадарци отворена изложбата на скулптури „За послушноста”

Изложба на академскиот сликар Валентина Поцеска во “Галерија Метаноја“