„Жена од минатото“ театарска претстава синоќа пред кумановската публика

Од:

„Жена од минатото“ e насловена претставата, која синоќа пред кумановската публика премиерно беше изведена. Претставата е работена по текст на Роланд Шимелфениг, а е  во режија на Нела Витошевиќ.

– Сакам да истражувам жанрови сакам филмскиот јазик да го користам во театарот.Седев во публиката и можеше да се почуствува дека публиката будно ја следеше преставата, ги следеше актерите како реагираат, изјави Витошевиќ.

Актерот Игор Ангелов, кој ја толкуваше улогата на Френк, смета дека направиле одлична  престава.Тој ја покани  кумановската публика да ја проследи претствата која редовно ќе се игра на репертоарот на тетарот.

– Драго ми е што сум дел од кумановскиот тетар, запознав колеги актери, младата генерација е генерација која го „бетонира„ патот на модерниот театар што ќе се случува во оваа држава, изјави Ангелов.

Младата актерка Нина Максимова ја толкуваше улогата на бунтовната Тина,изјави дека е задоволна од сработеното во преставата и дека првпат настапува во кумановскиот театар.

Покрај нив во претставата играа и Александра Пешевска,Јасмина Василева и Марко Трајковиќ.

Во претставата „Жена од минатото“ се обработуваат темите за осаменоста, отуѓеноста, рушењето на интегритот на поединецот, влијание на случувањата од минатото врз иднината, непостоењето на етички норми и принципи.

Би можело да ве интересира

61. Драмски аматерски фестивал на Македонија ќе се одржи од 20 до 26 мај во Кочани

Почина актерот Мустафа Јашар

Светски ден на театарот, бесплатни претстави во Скопје

(ВИДЕО) Српски актер го прекина настапот поради жена која телефонираше: Немам нерви како коњ

Предраг Петровиќ

Во Битола премиера на театарската претстава „Вујко Вања“

Предраг Петровиќ

Премиера на „Петар Пан“ во Струга, средствата од влезниците хуманитарно за Бојан

Ана Ололовска