„Зборувај за Скопје – 60 години од катастрофалниот скопски земјотрес“: Мултимедијален настан во Музеј на Град Скопје

Од:

Во пресрет на 60 годишнината од одбележувањето на катастрофалниот скопски земјотрес, платформата „Терапија“ подготвува навистина уникатен настан кој ќе се одржи во нашето Скопје. Старата Железничка станица, денеска Музејот на град Скопје ќе биде јавниот простор кој ќе обедини повеќе македонски уметници, DJ артисти, изведувачи, претставници на филмот, фотографијата и др., кои ќе не потсетат на старо Скопје, но и ќе го трасираат патот понатаму.

Имено, предвидена е изложба на тројцата истакнати македонски уметници: Михаил Корубин, Антони Мазневски и Велимир Жерновски. Преку своите дела, тие ќе „зборуваат“ за уметноста во Скопје, за нивната перцепција за овој град и емоциите кој истиот ги буди кај сите нас. Присутните ќе имаат можност да уживаат и во изложбата: „Скопје – градот Феникс“, која ќе се отвори на 26 јули од 20:00 часот.

На мултимедијалниот настан ќе се прикажат и филмовите „Скопје сонува“ и „Мементо“. Исто така, на визуелен начин ќе бидат презентирани сегменти од весници и медиуми кои известувале за постземјотресно Скопје.

Настанот ќе го модерира и води нашиот познат актер и уметник, Игор Џамбазов.

Музичкиот дел ќе биде исполнет со перформанс на Тамара Тодевска и Здружението на џез музичари и слободни уметници. Тие ќе нѐ потсетат на некои од најдобрите македонски поп – песни, кои и денеска будат емоција и се дел од колективната меморија на различни генерации – скопјани.

-„Многумина ќе се спротистават на славењето на природна катастрофа, која земала многу животи и уништила илјадници домови, јавни објекти и установи. Но, ние ги истакнуваме вредностите кои се случија по оваа непогода во 1963 година.Солидарноста, хуманоста, емпатијата како основни водилки, кои придонесоа Скопје повторно да се изгради и да стане метропола. Токму овие вредности очајно ни фалат денеска. Токму овие вредности недостасуваат на Скопје, на луѓето, на сите ентитети кои сакаат поубав град и поквалитетен живот.“ – велат претставниците oд музичката платформа „Терапија“.

Тие ги покануваат сите граѓани, да дојдат на 26 јули во Музејот на град Скопје, од 20:00 часот и сите заедно да зборуваме за чист и урбан град; за град кој е дом на сите генерации; за вистинска култура, сцена и ноќен живот. Да зборуваме и да работиме за Скопје!

Настанот се организира со поддршка на: Министерство за култура, Град Скопје, Делегација на ЕУ во Скопје и BWI.

Би можело да ве интересира

Земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтер го погоди Лос Анџелес

Силен земјотрес го погоди островот Јава

ВИДЕО: Пожар во куќа зад Универзална сала

Катерина Ѓуровски

Многу силен земјотрес ја погоди Португалија

Земјотрес во Србија

Земјотрес во Риека: Се тресеше тлото во Хрватска

Горан Наумовски