Завршува Фестивалот на камерен театар „Ристо Шишков“

Од:

Со објавувањето на името на наградениот актер за високо актерско остварување вечер во Струмица завршува 26.издание на Фестивалот на камерен театар „Ристо Шишков“.

Годинава во конкуренција за наградата „Ристо Шишков“ се педесетина актери од Македонија, Бугарија, Србија и Словенија од десет претстави. Наградата се состои од златен медалјон со ликот на патронот на фестивалот и парична награда во износ од 1.500 евра.

Денеска ќе се одржат и последните разговори на фестивалската тркалезна маса, а поети од Македонија и Бугарија во рамките на настанот „Поетски дијалози“ ќе читаат своја поезија.

Вечер на програмата е последната претстава во конкуренција „Доктор Фауст“ во изведба на актерите на битолскиот театар, а во режија на Андраш Урбан.

Веднаш потоа, фестивалското жири предводено од позната српска актерка и ланска лауретка на наградата, Тања Бошковиќ, ќе објави кој ќе ја добие наградата за високо актерско остварување.

Во рамките на Фестивалот се одржува и осмото издание на камерна драма НЕТА (Нова европска театарска акција).

Фестивалот е финансиски помогнат од Министерството за култура и општина Струмица.

Би можело да ве интересира

Полицијата уапси пироман кој опожари две возила во кругот на струмичката болница

Две хаварисани возила изгореа во кругот на струмичката болница

Во Струмица се одржа протестен марш против енормното загадување

Љутков: На Велес му го враќаме театарот во неговата вистинска институционална форма

Скопје утрово со умерено ниво на аерозагаденост, прекинат прагот на алармирање во Струмица

Прекинат прагот на алармирање за аерозагадувањето во Струмица