Завршува 47. фестивал „Илинденски денови“ во Битола

Од:

Со настап на ансамбли од Чиле, Чешка, Словенија, Хрватска, Грција и од Македонија, во античкиот театар на Хераклеја Линкестис денеска завршува 47. Фестивал на народни песни и игри „Илинденски денови“.

Од Центарот за култура-Битола, организатор и домаќин на фестивалот, информираат дека по синоќешната вечер на староградска музика и игра, следува завршна интернационална вечер и доделување на фестивалските награди и признанија.

– Посебно го истакнувам интернационалниот дел на фестивалот кој е пример и вистинска слика за тоа како треба да се чуваат и негуваат традиционалните вредности. Во таа смисла голем дел од македонските ансамбли треба да земат пример од тие играорни групи. Генерално, организацискиот одбор немаше лесна задача, но искрено им честитам за вложениот труд и одличната организација на фестивалот. Нашата критичка мисла ќе послужи за подобар квалитет и сметам дека ансамблите треба да инвестираат во инвентивноста на традиционалните вредности, рече меѓудругото Благица Илиќ, член на стручното жири, професорка во ДМБУЦ „Илија Николовски Луј“ во Скопје.

На интернационалната вечер ќе настапат АФС „Франце Маролт“ од Љубљана, Словенија, ансамблот „Филои Тис Парадосис“ од Кожани, Грција, ФА „Пол’ана“ од Брно, Чешка, КУД „Петар Прерадовиќ“ од Ѓурѓевац, Хрватска, ансамблот „Лос дел Био Био“ од Консепсион, Чиле, и ансамблот „Македонија“ од Скопје.

Фестивалот на народни песни и игри „Илинденски денови“ се одржува под покровителство на Собранието на Република Македонија и со поддршка на Министерството за култура.

Би можело да ве интересира

Дваесет и втор Меѓународен натпревар на млади музичари „Охридски бисери“

Ана Ололовска

Концерти на воените оркестри од армиите на С. Македонија и на САД за Европа и Африка

Ана Ололовска

Концерт на духовна музика на хрватскиот тенор Стијепо Глеѓ Маркос

Ана Ололовска

Музичка младина на Македонија го почнува циклусот концерти „Слободна среда“

Ана Ололовска

„Божиќен концерт“ во Офицерскиот дом во Битола

Ана Ололовска

Хорот и оркестарот на ООУ ,,Кузман Јосифовски – Питу од Скопје на Интернационалниот фестивал во Ричоне го освои првото место