Заврши реконструкцијата на Домот на култура во Пробиштип

Од:

По две години заврши надворешната реконструкција на Домот на културата „Злетовски рудар“ во Пробиштип информираше на денешната прес-конференција градоначалникот, Драган Анастасов. Проектот се реализираше со европски пари, а носител е бугарската општина Рила. Целта со овој проект е поголема енергетска ефикасност на објектите.

– Со реконструкцијата на Домот на културата „Злетовски рудар“ извршена е промена на врати, прозорци, изолација на надоворешни ѕидови, со енергетски ефикасна фасада. Променет е кровот и инсталирани се сончеви колектори. Со овој проект Општина Пробиштип ја затвара првата фаза за енергетската ефикасност од овој објект, вели Анастасов.

Раководителот на проектот, Васко Златковски вели дека првично проектот требал да чини над 366.000 евра, но се појавиле дополнителни трошоци, со што буџетот е зголемен, но и периодот на реализација.

– Со што вкупниот буџет на проектот нараснува на 407.436 евра, од кои што за Општина Пробиштип се 226.000 евра. Неповолните временски услови кои ги имаше на почетокот на годината придонесоа самиот проект и градежните активности да забават во својата динамика. Поради што имаше и потреба да се побара продолжување на проектната кативности, рече Златковски.

Со денешната прес-коференција заврши првата фаза од реконструкцијата на Домот на културата во Пробиштип, а која се реализираше преку Програмата за меѓугранична соработка Македонија-Бугарија. Општина Пробиштип има и проект за внатрешната реконструкција на објектот, но засега како што вели Анастасов овој проект ќе почека додека се обезбедат средства за негова реализација.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) ВМРО-ДПМНЕ: Пробиштип го чека Анастасов да остане на зборот и да си поднесе оставка заради јаловиштето

Невреме со град во Пробиштип

Катерина Ѓуровски

Англичани измамиле фирма од Пробиштип и „заработиле“ 425.653 евра

МВР поднесе кривична пријава против полициски службеник од Пробиштип

А1он

Приведен тинејџер кој ограбил продавница во Пробиштип

А1он

Педофил од Кратово силувал девојче од Пробиштип

А1он