Заврши Меѓународниот фестивал на комедијата „Гола месечина“

Од:

Со стендап комедијата на Никола Тодороски синоќа заврши вториот Меѓународен фестивал на комедијата „Гола месечина“, што го организираа општина Аеродром, Театар комедија и Министерството за култура.

Жирито во состав Лилјана Мазова, претседател и Катерина Коцевска и Бојан Трифуновски, членови, одлучи наградата за најдобра машка улога да му ја додели на Рубенс Муратовски за улогата Мартин во претставата „Чолак“, во режија на Синиша Евтимов, во продукција на Драмски театар.

Наградата за најдобра режија ја доби Адмир Гламочак за претставата „Дамите бираат“ од Ентони Мекартен и Стефан Синклер, во продукција на Алттеатар Сараево.

Со Гран при е наградена претставата „Дамите бираат“ од Ентони Мекартен и Стефан Синклер, во продукција на Алттеатар Сараево.

Жирито годинава одлучи да не ја додели наградата за најдобра женска улога.

Наградите синоќа ги додели градоначалникот на општина Аеродром Ивица Коневски. Според него, оправдани се заложбите на општина Аеродром да го збогати културниот живот на граѓаните и фестивалот да прерасне во традиција.

За време на фестивалот публиката погледна осум претстави од Македонија и странство. Годинава фестивалот го посетија повеќе од 10 илјади граѓани.

Би можело да ве интересира

61. Драмски аматерски фестивал на Македонија ќе се одржи од 20 до 26 мај во Кочани

Почина актерот Мустафа Јашар

Светски ден на театарот, бесплатни претстави во Скопје

(ВИДЕО) Српски актер го прекина настапот поради жена која телефонираше: Немам нерви како коњ

Предраг Петровиќ

Во Битола премиера на театарската претстава „Вујко Вања“

Предраг Петровиќ

Премиера на „Петар Пан“ во Струга, средствата од влезниците хуманитарно за Бојан

Ана Ололовска