Заврши македонскиот дел од снимањето на филмот „Банат“

Од:

По две недели работа во Битола и околината, успешно заврши македонскиот дел од снимањето на долгометражниот филм со работен наслов „Банат“ од Адриано Валерио, режисер награден во Кан, соопштуваат од продуцентската куќа „КТ филм и медиа“.

Претходно, од 1-ви март, оваа прва копродукција меѓу Македонија и Италија по десетина години, снимаше во Романија и Бугарија. Последната клапа ќе падне на 4-ти април, а моментално се снима во италијанскиот град Бари и неговата околина.

– Режисерот Адриано Валерио и продуцентите се многу задоволни од локациите и процесот на работа во РМ. Според Валерио, материјалите снимени во Македонија можат да бидат клучни за атмосферата на филмот од кој тој има големи очекувања. Ова беше прва заедничка продукција на Италија, Романија, Македонија и Бугарија. Филмот се очекува да биде завршен на крајот на август 2015 година. Агент за продажба на филмот ќе биде италијанската компанија „Интрамовиес”, вели продуцентот од македонска страна, Димитар Николов – Таки од „КТ филм и медиа“ потенцирајќи дека овој филмски проект, всушност, е првиот во Македонија кој се реализира според новите правила на Агенцијата за филм.

Banat actors

Претходно, на прес конференција во Битола, режисерот Валерио, кој признанието во Кан го доби за неговиот краток филм (37°4 Ѕ) во 2013 година, ја објасни приказната во „Банат“:

– Метафора за филмот е патувањето. Тоа е приказна за емиграција од Италија во Романија, односно љубовна приказна во која момче среќава девојка. Италијанците од сегашните генерации за да најдат работа и среќа патуваат во друга земја. За оваа приказна бев инспириран од вистинска приказна која му се случи на мој другар во Банат. Во неа се става акцентот на границите и патувањата на луѓе од Европа кои не можат да ја најдат иднината во својата земја, изјави Валерио во Битола.

Освен во Битола, филмот се снимаше и во околните села Рибарци и Буково како и во преспанските села Царев Двор и Дупени.

Во филмот „Банат“ главните улоги ги толкуваат Едуардо Габриелини од Италија (добитник на наградата „Пасинети“ на Венецискиот филмски фестивал) и Елена Радоничиќ која потекнува од Црна Гора.

Од Македонија ангажирани се Димитар Николов – Таки како продуцент, Роберт Јанкуловски (директор на фотографија), Викторија Динева (сценограф), Саша Станишиќ-асистент на режија, Марина Цигарида (мејк-ап артист), Петар Трајчевски-менаџер на локации, Бурим Муслиу-асистент костимограф…

Филмот е финансиски поддржан од Агенција за филм на Македонија, во делот за малцински копродукции.

Би можело да ве интересира

Македонски филмови во мајската програма на Кинотека со фокус на творештвото на Столе Попов

Предраг Петровиќ

Venom 3 доби официјално име и датум на излегување

Предраг Петровиќ

Се снима краткиот игран филм „И покрај сè“

Филмот „Dune: The Second Part“ заработи над 200 милиони долари за само три дена

Уапсен маж осомничен за неовластена дистрибуција на филмот „Недела“

Бен Афлек го откри најлошиот филм во кариерата