Заврши Фестивалот на документарен филм „МакеДокс“

Од:

Со доделувањето на наградите и проекцијата на филмот „Пожар на море“ од Џанфранко Роси, кој ја доби главната награда „Кромид“, заврши седмото издание на Фестивалот на креативен документарен филм „МакеДокс“. На фестивалот, што се одржа од 20 до 26 август во Куршумли-ан, на платото пред Куршумли-ан, во Чифте амам и во Музејот на современата уметност во Скопје, во пет програми беа прикажани 63 креативни документарни филмови, а беа присутни и 52 странски гости.

На фестивалот „МакеДокс“ се доделуваат наградите „Кромид“ – за најдобар филм во Главната програма, „Млад кромид“ – за најдобар филм на нов автор, „Кокарче“ – за најдобар студентски филм и Награда за филм со најдобри етички идеи од сите програмски селекции.

Главната награда „Кромид“ ја доби документарниот филм „Пожар на море“ од Џанфранко Роси.

Наградата „Млад кромид“ ја доби филмот „Марта и Ники“ на Тора Мортенс од Шведска.

Посебно признание во селекцијата на нови автори добија филмовите „Земјата што ја освоивме“ на сценаристката Миријам Смит и режисерот Кристофер Приор од Нов Зеланд и „Две детства“ на Владимир Головнев од Русија.
Наградата „Кокарче“му припадна на филмот „Арлет – Храброста е мускул“ на режисерот Флоријан Хофман.

Посебно признание „Кокарче“ за студентски филм доби „Пазар“ на режисерот Симон Гилард од Белгија, поради неконвенционалното раскажувачко решение.

Наградата за најдобри етички идеи ја доби филмот „Совршениот круг“ на режисерката Клаудија Тоси од Италија.

Специјално признание за етички идеи доби филмот „Бисерното копче“ на режисерот Патрицио Гузман.

На последната вечер на „МакеДокс 7“ беа доделени и наградата „Златна каса“ на Миа Ферро, бидејќи е срушен рекорд во продажба на билети стар три години, додека за најдобар волонтер беше прогласен Дин. Вечерта ја разубавија и разиграа „Черкези оркестар“.

Би можело да ве интересира

Џез Фабрика фестивал Битола дел од светската мрежа на Арт фестивали

А1он

„Јон Вардар против галаксијата” викендов беше премиерно прикажан во Шпанија

Победничката на UpBeat – Best New Talent Award на фестивалот Звукот на Скопје

Битола по теркот на светските џез сцени: Национален Џез Оркестар и Мартин Ѓаконовски – Шпато со изведби посветени на Реј Браун

Предраг Петровиќ

Едукација, хуманост и забава на едно место: Вечерва прво издание на „Ајде фестивалот“ чиј покровител е Хајделберг факултет

Хајделберг Факултетот во Скопје главен покровител на првото издание на „Ајде фестивалот“ во општина Аеродром