Заврши 51. издание на Драмскиот аматерски театар на Македонија

Од:

Претставата „Бетон махала“ на аматерскиот театар од Нови Пазар ја доби Гранд-при наградата на 51. издание на Драмскиот аматерски театар на Македонија, кој заврши синоќа во Кочани.

Девојките и момчињата од Србија главната награда на престижниот фестивал на македонските драмски аматери ја добија, според оценките на жирито, поради експресивната актерска игра и длабоката хуманистичка порака, играјќи на текст на Баранислав Недиќ, во режија на Бранислав Трифуновиќ и Рифат Рифатовиќ.

Давид Јовановиќ пак, ја доби наградата за најдобра режија и оригинален драмски текст за претставата „Недоразбирање во д-молл“ што ја играа средношколците од кумановската гимназија „Гоце Делчев“.

Наградата за најдобра главна машка улога отиде во рацете на Адријан Стефанов, кој ја имаше улогата на Старецот во „Столови“ од Ежен Јонеско на ЦК „Бели мугри“ од Кочани, додека за најдобра главна женска улога признанието го доби Сара Илиќ, која се појави во улгата на продуцентот Весна во „Недоразбирање во д-молл“.

Амар Чоровиќ е носител на наградата за епизодна машка улога во претставата „Бетон махала“, а Весна Панаовска за улогата на Фјокла Ивановна во претставата „Женидба“ на Училиштето за театар „Од игра до претстава“ од Скопје е носител на наградата за најдобра епизодна женска улога.

Наградата за сценски иновации и тетатарски експеримент жирито на овогодишниот ДАФ на Македонија и ја додели на Театарската група „Без маска“ при Интимен театар-Битола, за претставата „Барбара те сакам“, заради оригинален сценски пристап во толкување на актуелни настани и теми кои ги засегаат младите, додека специјално признание за најуспешна претстава му се додели на Патувачки театар „Поклони се и падни“ при КУД „Дримкол“-Вевчани, за претставата „Јованче и Марика“ од Браќата Грим, во режија на Душко Кукоски, заради прецизно осмислена инсценација на познатата бајка за деца.

На 51 ДАФ на Македонија, кој се одржа во ЦК „Бели мугри“ во Кочани од 25 до 30 мај, беа прикажани вкупно 15 претстави, беше промовирана монографијата „Ветикали“ од Иван Ивановски и се одвиваше театарска работилница што ја раководеше Мими Таневска.

Изборот на претстави го направи Звездана Ангеловска, режисерка и актерка, а жирито го сочинуваа: Ангелчо Илиевски, режисер и претседател и членовите Драгана Стојчевска, режисер, Милош Андоновски, режисер и Тодор Кузманов, театарски критичар.

Би можело да ве интересира

61. Драмски аматерски фестивал на Македонија ќе се одржи од 20 до 26 мај во Кочани

Почина актерот Мустафа Јашар

Светски ден на театарот, бесплатни претстави во Скопје

(ВИДЕО) Српски актер го прекина настапот поради жена која телефонираше: Немам нерви како коњ

Предраг Петровиќ

Во Битола премиера на театарската претстава „Вујко Вања“

Предраг Петровиќ

Премиера на „Петар Пан“ во Струга, средствата од влезниците хуманитарно за Бојан

Ана Ололовска