Заврши 15-тиот Интернационален фестивал за монодрама во Битола

Од:

Со изведбата на претставата „Женидба” на Tеатар Комедија–Скопје, во режија на Дејан Пројковски, синоќа се спушти завесата на 15-тото издание на Фестивалот за монодрама.

Беа доделени и наградите од страна на стручното жири, кое неуморно ги следеше сите претстави во текот на петдневниот фестивал.

Гран-при за најдобра претстава во целост отиде во рацете на Хауварт Рип од Изреал,за изведбата на монодрамата „Гимбел Лудиот“ од И.Б.Сингер. Покрај главната награда, жирито ѝ ја додели и награда за најдобар млад актер на Марина Куклина од Киев, Украина, за изведбата на „Шоша“. Специјалното признание за најдобар перформанс му припадна на Елиас Фајнгерш од Малме, Шведска,з а „Саундтракот на мојот живот“ во целосна адаптација на актерот.

Наградата од публиката ја доби монодрамата „10 прашања“ во изведба на Луминица Борца од Романија, која ја додели градоначалникот на Општина Битола, Владимир Талески. Тој му се заблагодари на Министерството за култура за поддршката на фестивалот и напомена дека Општина Битола и во наредниот период, како и сите овие изминати години, ќе биде дел од сите културни манифестации во Битола.

Би можело да ве интересира

61. Драмски аматерски фестивал на Македонија ќе се одржи од 20 до 26 мај во Кочани

Почина актерот Мустафа Јашар

Светски ден на театарот, бесплатни претстави во Скопје

(ВИДЕО) Српски актер го прекина настапот поради жена која телефонираше: Немам нерви како коњ

Предраг Петровиќ

Во Битола премиера на театарската претстава „Вујко Вања“

Предраг Петровиќ

Премиера на „Петар Пан“ во Струга, средствата од влезниците хуманитарно за Бојан

Ана Ололовска