Заврши 15 Интернационален фолклорен фестивал „Велес 2018“

Од:

На отворена сцена во амфитеатарот на Младинскиот парк во Велес синоќа заврши 15. Интернационален фолклорен фестивал „Велес 2018“, организиран од Општина Велес.

На завршната вечер настапија велешките „Распеани пензионери“ и КУД „Коле Неделковски“ и фолклорните ансамбли „Тина танц студио“ од Естонија, „Севдах“ од Србија, „Младост“ од Словачка и „Де Тореон“ од Мексико.

Годинава на ИФФ „Велес 2018“ имаше 18 учесници, од кои шест ансамбли од странство (Мексико, Естонија, Србија, Словачка и Црна Гора) и десет ансамбли од Македонија.

Томе Јаневски, претседател на Организацискиот одбор, изјави дека успешното фестивалско издание го потврдуваат силните аплаузи и масовното присуство на публиката на четирите фестивалски вечери.

– Со ова докажавме дека и понатаму важиме за најпосетена културна манифестација во Велес. Затоа и во наредните години на фестивалот ќе донесеме уште повеќе фолклорни ансамбли од повеќе земји. Фестивалот е многу значаен за културната соработка и пријателство меѓу народите на светот со Република Македонија. Тоа што не го можат политичарите, го можат фолклористите преку песна и игра, рече Јаневски.

Би можело да ве интересира

Во Корча ќе се одржи промоција на македонски национални носии од Преспа

Од 16 награди на светскиот фестивал во Јесоло -6 за Скопското училиште Кузман

Предраг Петровиќ

Нов детски фолклорен фестивал во Битола

Ана Ололовска

Фестивалот и натпревар „Инструментите на моите предци“

Ана Ололовска

КУД „Кирил Пејчиновиќ“ – Теарце со Новогодишен концерт ги завршува годинашните настапи

Ана Ололовска

Онлајн промоција на првата музичка фолк сликовница за деца „Слушам кај шумат шумите“

Ана Ололовска