Затворен Интернационален фолклорен фестивал „Велес 2015“

Од:

На сцената на амфитеатарот во Младинскиот парк во Велес синоќа градоначалникот Славчо Чадиев го прогласи за затворен 12. Интернационален фолклорен фестивал „Велес 2015“.

Пред бројната велешка публика синоќа настапија фолклористите од: ФА „Хатегна“ од Романија, ФА „Бига“ од Турција,ХКД „Градишче“ од Унгарија, „Тина Данцестудио“ од Естонија,ФА „Валуриле Дунарии“ од Романија,ФА „Лени“ од Полска,„Неврокопски ансамбл за народни песни и ора“ од Бугарија, ГАНИП „Пожаревац“ од Србија и КУД „Коле Неделковски“ од Велес.

Во своето обраќање до присутните Томе Јаневски, претседател на Организациониот одбор потсети дека Велес е израз на најголемото богатство на народите, нивните традиции обичаи и нивниот дух.

– Неописиво е чувството на радост,исполнетост,чувството на живот и непресушна енергија со која деновиве не исполнија 11 ансамбли од странство и домашните фолклористи. Ако и етнологијата на фолклорот наједноставно се сведува на знаење за народот,историјата на овој фестивал е израз на постојана надградба на тоа скапоцено знаење.Зошто токму тука под велешкото небо се преплетуваат традицијата на Македонија со оние на народите од Европа и светот, потенцира Јаневски.

На петдневниот фестивалот, во организација на Општина Велес под покровителство на Министерството за култура, а во рамки на манифестацијата „Велес-Град на културата-2015“ настапија илјада фолклористи од кои 500 странски и 500 домашни од  11 странски ансамбли и културно уметнички друштва. Домашниот фолклор го промовираа и осум културно уметнички друштва од Македонија,   меѓу кои три беа од градот домаќин Велес:КУД Керамичар“ КУД „Коле Неделковски“ и ФА „Вила Зора“ како и ансамблот на народни песни „Распеани велешани“.

Би можело да ве интересира

Во Корча ќе се одржи промоција на македонски национални носии од Преспа

Од 16 награди на светскиот фестивал во Јесоло -6 за Скопското училиште Кузман

Предраг Петровиќ

Нов детски фолклорен фестивал во Битола

Ана Ололовска

Фестивалот и натпревар „Инструментите на моите предци“

Ана Ололовска

КУД „Кирил Пејчиновиќ“ – Теарце со Новогодишен концерт ги завршува годинашните настапи

Ана Ололовска

Онлајн промоција на првата музичка фолк сликовница за деца „Слушам кај шумат шумите“

Ана Ололовска