Загрепски „Керемпух“ ќе гостува во Драмски театар

Од:

Театарот „Керемпух“ од Загреб на 2-ри и 3 февруари ќе гостува во Драмски театар-Скопје.

На 2 февруари ќе ја изведе претставата „Јазовец во Керемпух“, авторски проект на актуелниот хрватски режисер Оливер Фрљиќ.

– Се работи за хит-претстава  на театарот „Керемпух“, актерски и тематски многу умешно споени четири стендап настапи. Вистинита и умна сатира, збогатена со брилијантни актерски остварувања, кои гарантираат извонредно забавна вечер со гостите од Загреб, информира ДТС.

Во претставата „Јазовец во Керемпух“ играат: Хрвоје Кечкеш, Вилим Матула, Борко Периќ и Ракан Рушаидат.

На 3 февруари, пак, првпат во Македонија ќе биде изведена претставата на македонскиот режисер Александар Поповски „Да живее Хармс! Чудата постојат“.

– Претстава која прашањата на апсурдот, пародијата и на хуморот воопшто не ги третира еднодимензионално, вкалапено и предвидливо. Возбудлив театар кој се впушта во ризик, во своевидна авантура, театар кој произведува неочекувани резултати, соопшти Драмски театар.

Во претставата „Да живее Хармс! Чудата постојат“ играат: Линда Бегоња, Иван Ѓуричиќ, Тарик Филиповиќ, Хрвоје Кечкеш, Лука Петрушиќ, Маја Посавец, Ракан Рушаидат, Бранка Трлин и Миа Аночиќ Валентиќ.

Би можело да ве интересира

Почина актерот Мустафа Јашар

Светски ден на театарот, бесплатни претстави во Скопје

(ВИДЕО) Српски актер го прекина настапот поради жена која телефонираше: Немам нерви како коњ

Предраг Петровиќ

Во Битола премиера на театарската претстава „Вујко Вања“

Предраг Петровиќ

Премиера на „Петар Пан“ во Струга, средствата од влезниците хуманитарно за Бојан

Ана Ололовска

По повеќе од 30 години прво гостување на македонски театар на сцената на Народниот театар во Албанија

Ана Ололовска