Втора награда за „Копачка“ на Фестивалот во Ињево

Од:

Фолклорната група „Копачка“ од Фестивалот за изворен фолклор „Гајда“ во Ињево, се врати со освоена втора награда за комплетен сценски настап.

Според Перса Стојановска, секретар на ЗФГ „Копачка“, ова е уште една потврда за вредноста на орото и за трудот и напорите на играорците кои ја негуваат традицијата.

– Имавме мошне успешен настап во претставувањето на пијанечки изворен фолкор, но пред се на светското културно наследство. Орото „Копачката“ заштитено од УНЕСКО, се здоби со уште едно признание и диплома за освоена втора награда за комплетен настап на сцена (екипно). Ние сме многу задоволни што со една ваква награда на овој традиционален меѓународен фестивал ја почнуваме оваа сезона на настапи, рече Стојановска.

Информира дека пензионерите од првата постава ќе учествуваат и ќе ги отворат Републичките пензионерски игри во Скопје, на 6 јуни 2017 со традиционалното оро „Копачка“.

– Ова се само мал дел од активностите на членовите на драмечката „Копачка“ кои во претстојниот период ќе ги разлеат изворните чекори, песна и инструментална изведба на пијанечкиот фолкор, во земјата и пошироко. Во Терхова Словачка, во почетокот на август, ни претстои претствување на сцената на Фестивалот „Јаношикови денови“ заедно со други учеснички од други земји, кои исто така се носители на светски нематеријални културни наследства, заштитени од УНЕСКО. Во претставувањето на Македонија, учество ќе земат и триото Гавровски од Тетово со свој репертоар, а во својство на носители на светското културно наследство двогласното пеење од Долни Полог Тетовско, истакна Стојановска.

Заедничко претствување на Копачката и Гавровски ќе следува и во септември, кога ќе одржат концерт во МКЦ во Софија.

Би можело да ве интересира

Во Корча ќе се одржи промоција на македонски национални носии од Преспа

Од 16 награди на светскиот фестивал во Јесоло -6 за Скопското училиште Кузман

Предраг Петровиќ

Нов детски фолклорен фестивал во Битола

Ана Ололовска

Фестивалот и натпревар „Инструментите на моите предци“

Ана Ололовска

КУД „Кирил Пејчиновиќ“ – Теарце со Новогодишен концерт ги завршува годинашните настапи

Ана Ололовска

Онлајн промоција на првата музичка фолк сликовница за деца „Слушам кај шумат шумите“

Ана Ололовска