Втор хуманитарен концерт на Павле Камилоски во МОБ

Од:

На 21 септември Павле Камилоски ќе одржи втор целовечерен концерт „Мала Италија патува“ во Македонската опера и балет, од кој приходот од билетите ќе биде дониран за Одделот за онкологија во Клиниката за детски болести.

Првиот концерт, на кој Камилоски ќе изведе италијански, француски и шпански балади, е закажан за 19 септември во МОБ. Тој го иницираше проектот минатата година, а новина е што втората вечер концертот е хуманитарен.

Камилоски вели дека проектот „Мала Италија патува“ настанал спонтано и од голема љубов кон медитеранската музика.

– Успехот на проектот за мене не би бил целосен, доколку не го споделам со една од најважните здравствени установи во нашата земја – Клиниката за детски болести во Скопје. Имам најубави емоции на концертите и верувам дека чувството кога ќе пеам за децата од Онколошкото одделение не се споредува со ниту едно друго. Среќен сум што ќе придонесам за разубавувањето на реалноста на пациентите сместени на тоа одделение, изјави Камилоски.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Италијанското оперско пеење доби статус на културно наследство на УНЕСКО

Предраг Петровиќ

Концерт „Легендите живеат вечно“ во Македонска Филхармонија

Предраг Петровиќ

Оперската претстава „Турандот“ од Џакомо Пучини во Национална опера и балет

Предраг Петровиќ

Успешен настап на Националната опера и балет во Народниот театар во Белград со „Севилскиот берберин“

Ана Ололовска

Традиционален Гала оперски концерт по повод празникот „Василица“ 2023

Ана Ололовска

„Палјачи“ од Руџеро Леонкавало во Национална опера и балет