Впечатлив настап на аматерите од Нови пазар на ДАФ во Кочани

Од:

Претставата „Бетон махала“ на Театарската аматерска група од Нови Пазар, која се играше синоќа во ноќниот термин за алтеративни претстави доби најмногу аплаузи од публиката, воопшто од сите досега одиграни претстави на 51-от ДАФ.

Момчињата и девојките од Србија на сцената играа силно и со многу емоции отварајќи проблеми на младите, поврзани со религијата, политиката, секојдневните случувања… Зборуваа за себе и својт град. Претставата се состои од повеќе приказни и во суштина зборува за љубовта. Актерите од Нови Пазар оставија силен впечаток, а на разговорите кои редовно се водат по претставите, добија позитивни критики.

Инаку, „Бетон махала“ во Србија предизвика контроверзи, а во еден момент дури била забранета.

На претпоследниот ден од Фестивалот се играше „Столови“ на кочанскиот ЦК „Бели мугри“ по текст на Ежен Јонеско. Екипата актери составена од Стефанија Петрова, Андреј Стефанов и Душко Стоиловски добија честитки за храброста да играат ваков тежок текст код т.н. „театар на апсурдот“, чиј втемелувач е Јонеско. Имаше доста аплаузи и голем број посетители за време на разговорите кои му дадоа поддршка на професионалниот режисер Перо Даниловски и на актерите.

Вечерва фестивалот завршува со прогласување на победниците. Во чест на наградените, пак, ќе настапат кумановските аматери од Здружението на пензионери со претставата „Сомнително лице“ од Бранислав Нушиќ во режија на Лазар Ѓоргевиќ.

Би можело да ве интересира

Почина актерот Мустафа Јашар

Светски ден на театарот, бесплатни претстави во Скопје

(ВИДЕО) Српски актер го прекина настапот поради жена која телефонираше: Немам нерви како коњ

Предраг Петровиќ

Во Битола премиера на театарската претстава „Вујко Вања“

Предраг Петровиќ

Премиера на „Петар Пан“ во Струга, средствата од влезниците хуманитарно за Бојан

Ана Ололовска

По повеќе од 30 години прво гостување на македонски театар на сцената на Народниот театар во Албанија

Ана Ололовска