Во велешкиот театар утревечер ќе гостува австралиско-македонскиот тетар од Сиднеј

Од:

На сцената на Народниот театар „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ во Велес утревечер во 20 часот ќе гостува австралиско-македонскиот театар од Сиднеј со претставата „Борење со мечка“, од Душан Ристевски во режија на Стефо Нанцу.

Како што информира на денешната прес-конференција во Велес, Ирена Вељанова, една од раководителите на театарот и воедно актер во претставата, станува збор за драма за семејна комуникација и боледување во осаменоста.

Таа појаснува дека драмата „Борење со мечка“ во која учествуваа девет актери и актерки, ја обработува тема за здравјето на мажите.

– Ја разработува тематиката за тешкотиите кои мажите ги имаат во комуникацијата кога се соочуваат со траумата на сериозни и агресивни болести. Се опишува животот на двајца Македонци чии семејни животи се сосема различни.Едниот е опколен со поддршка,а другиот е оставен сан на себе и отуѓен од своето семејство. Ова е драма за здраствените предизвици со кои се соочуваат сите луѓе без разлика на нивниот пол и возраст, појасни Вељанова.

Би можело да ве интересира

Почина актерот Мустафа Јашар

Светски ден на театарот, бесплатни претстави во Скопје

(ВИДЕО) Српски актер го прекина настапот поради жена која телефонираше: Немам нерви како коњ

Предраг Петровиќ

Во Битола премиера на театарската претстава „Вујко Вања“

Предраг Петровиќ

Премиера на „Петар Пан“ во Струга, средствата од влезниците хуманитарно за Бојан

Ана Ололовска

По повеќе од 30 години прво гостување на македонски театар на сцената на Народниот театар во Албанија

Ана Ололовска