Во велешкиот театар премиерно „Синиот портокал“

Од:

Во Народниот театар „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ во Велес на 12 април премиерно ќе биде изведена претставата „Синиот портокал“ според текстот на британскиот автор Џо Пенхол, во режија на Александар Ивановски и драматургија на Катерина Момева.

Како што рече на денешната прес-конференција уметничкиот директор на Театарот Васил Зафирчев, Пенхол кој првпат се поставува на македонската сцена, пишува современо, наметнувајќи социолошки контексти, ликови на индивидуи кои бараат себереализација во општеството кое робува на бирократизација и меѓучовечки ривализам.

Во 2000 година оваа драма првпат била поставена во Националниот театар во Лондон.

Како што појасни режисерот Александар Ивановски, тоа е комедија, камерна претстава за тројца актери.

– Станува збор за реална секојдневна приказна што многу лесно може да му се случи на секој од нас во овие нестабилни времиња, истакна Ивановски.

Драматургот Катерина Момева додаде дека контекстот во претставата се актуелизира и локализира. – Адаптацијата се однесува на Ерџан, Ром кој заглавува во лавиринтот на својата шизофренија, но и во лавиринтот на психијатриската клиника, појасни Момева.

Во претставата настапуваат Самоил Стојановски, Фаик Мефаиловски и Жарко Спасовски, сценографијата е на Филип Коруновски,а музиката на Сашко Костов.

Би можело да ве интересира

Двајца велешани нападнале полицајци, насилниците завршиле во станица

Горан Наумовски

Измамема жена од Велес, останала без 600 евра

Велешанец проголтал дрога за да ја сокрие од полиција, па завршил во болница

Горан Наумовски

„Ние, луѓето“-премиера

Битолскиот театар гостува на фестивал во Врање

Во Велес утре Ден на жалост поради тројцата велешани кои настрадаа во сообраќајка