Во велешкиот Народен театар премиерно изведена „Крал Иби“

Од:

На големата сцена на новата зграда на Народниот театар „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ во Велес пред бројната театарска публика синоќа успешно со враќање на ансамблот на бис, премиерно беше изведена претставата „Крал Иби“  според текстот на Алфред Жари во режија на Андреј Цветановски.

Во изјавата за медиумите по претставата младиот режисер Андреј Цветановски кој првпат режира во велешкиот театар, појасни дека за режисерот е најтешка премиерата како што појасни, во тој момент се разделува со својата претстава, но според него многу е полесно кога се разделуваш со добра-голема претстава.

– По одличните реакциите на публиката, тоа многу значи и за Народниот театар од Велес и за мојата кариера и претставува пресврт во моето творење и се надевам дека уште долго ќе соработувам си велешкиот театар, рече Цветановски.

Претставата беше специфичнаи и мошне привлечна по тоа што беше изведена на дијалект.

– И самиот текст на Жари на француски е напишан на дијалект и оттаму тргнавме и пробавме да ја прикажеме на еден од најбогатите  и најзачуваните македонски дијалекти – Демирхисарскиот дијалект да го вменеме во претставата бидејќи и јас по потекло сум од таму, па некако можев да им помагам на актерите. Воедно дијалектот освен сочност на претставата покажува и во која ментална состојба се наоѓаат ликовите кои се борат за престолот, потенцира режисерот Цветановски.

Актерот Зоран Љутков кој ја толкува главната улога на Крал Иби по преставата во изјавата за медиумите се заблагодари на режисерот и управата на театарот, што  му ја доделиле оваа многу одговорна улога, а со која тој како што оцени  го достигнал врвот во кариерата и созреал како актер.

– Онака како што јас лично ја замислував претставата се споија коцките и излезе на сцена целиот проект со сценографија, костими дизајн и пораката која ја носи претставата. Пораката е дека ветувате нешто, но кога ќе стигнете на престолот заборавате на основните принципи, на кои би требало да се води таа круна, потенцира Љутков.

Во секоја претстава и оваа и споредните улоги ја прават претставата .Во изјава за МИА младиот актер Жарко Димоски гостин од Тетарот Комедија од Скопје, рече дека е задоволен од неговата изведба и воопшто од  претставата и  цитира една мисла, дека нема големи и мали улоги, туку има големи и мали глумци.

– Не дека јас сум голем глумец, ама сакам да потенцирам дека многу ми  е мило што остварив добра улога, бидејќи се трудев  и јас и колегите работевме со љубов пред се. Затоа и разултатот е видлив, со одличниот прием од публиката, истакна актерот Димоски.

Инаку, претставата беше забележлива и по драматизацијата на Сашо Димоски, сценографијата на Валентин Светозарев, костимографијата на Александра Крнинова Груев и музиката на Димитар Андоновски.

Би можело да ве интересира

Почина актерот Мустафа Јашар

Светски ден на театарот, бесплатни претстави во Скопје

(ВИДЕО) Српски актер го прекина настапот поради жена која телефонираше: Немам нерви како коњ

Предраг Петровиќ

Во Битола премиера на театарската претстава „Вујко Вања“

Предраг Петровиќ

Премиера на „Петар Пан“ во Струга, средствата од влезниците хуманитарно за Бојан

Ана Ололовска

По повеќе од 30 години прво гостување на македонски театар на сцената на Народниот театар во Албанија

Ана Ололовска