Во Велес затворен 12. Меѓународен Салон на стрип

Од:

Со слободни стрип разговори кои траеја викендов, доцна попладнево во Велес заврши програмата и со тоа е затворена работата на 12 от Меѓународен салон на Стрип „Велес 2014“.

Во рамките на работата на Стрип Салонот се одржаа и повеќе интересни предавања на стрип теми за тоа „Како да се продаде стрип?“ за што свое предавање пред присутните стрип љубители одржа познатиот Ервин Рустемагиќ, кој 42 години е во стрипот и кој годинава ја доби високата награда, Признание за развој на стрипот во светот, а  кој му го додели организаторот Стрип Центарот на Македонија со седиште во Велес.

Проф-др Бошко Караџов одржа предавање за „Стрипот во дигиталната ера:редефинирање и преосмислување“. А два дена во рамките на Стрип салонот се одржа и проектот NEW COMOC FRIENDSHIPS.

Најмладите љубители на стрипот од Велес воедно имаа убава можност да научат нешто повеќе за тајните на цртање на стрипот од познатите стрип автори кој работеа со нив во рамки на традиционалната работилницата.

– Целта беше да откриеме и потикнеме за цртање на стрип  многи млади љубители на стрипот од градот,а во што веќе 12 години успеваме,а од чија рабоа во изминатите години веќе произлегоа  и нови млади стрип автори на македонската стрип сцена, како иднина за македонскиот стрип, изјави Ване Трајков, раководител на Стрип Центарот на Македонија.

Трајков воедно го оцени како мошне успешно ова 12-то издание на Меѓународниот  Салон на стрип „Велес 2014“ и најави дека и во идните години ќе се залага за уште поголем развој и афирмација на стрипот во Македонија, а за што голема подршка имаат и од надлежното Министерство за култура.

Би можело да ве интересира

Двајца велешани нападнале полицајци, насилниците завршиле во станица

Горан Наумовски

Измамема жена од Велес, останала без 600 евра

Велешанец проголтал дрога за да ја сокрие од полиција, па завршил во болница

Горан Наумовски

Во Велес утре Ден на жалост поради тројцата велешани кои настрадаа во сообраќајка

Маж и жена шверцувале дрога на релација Скопје-Велес

Горан Наумовски

Се загади воздухот во Велес од пожарите на планините Мукос и Бабуна

Предраг Петровиќ