Во Велес отворена ликовната изложба „Метакосмија“ на Ангелина Спировска Муковска и Владо Муковски

Од:

Во Ликовниот салон во Велес синоќа беше отворена самостојна изложба „МЕТАКОСМИЈА“ на академските сликари од Скопје Ангелина Споровска Муковска и Владо Муковски.

На изложбата се претставени 21 дело во различни големини, слики создадени со мешана техника-акрил и смола, сликани со акрил, а потоа излиени со епоксидна смола. Изложбата ја органиизра Народниот музеј од Велес со поддршка на Министерството за култура.

Како што појасни промоторот на изложбата Елица Николова, историчар на уметноста од Народниот музеј, авторите во време на пандемија со цел да се заштитат од наметнатата состојба и соочувајќи се со новата реалност, решаваат заеднички да тргнат во една подобра реалност во сферата на уметноста каде се чувствуваат заштитени, свои на своето. Тие и даваат простор на својата имагинација и со својата фантазија, типична за уметниците се втурнуваат во новите светови, заеднички да се доближат до недопирливото, несвалтивото, магичното, „Метакосмијата“-бесконечната празнина во која световите се создаваат и исчезнуваат.

– Авторите прават обид за видливоста за Метакосмијата, визуелна сензација на тивкиот хаос во вселената, според нивната имагинација. Во едно заедничко патување, навлегувајќи во тајните на бесконечноста, во најголемата мистерија, заробена во човековата потсвест, создаваат фантастични апстрактни предели, максимално колористички хармонизирани, полни со некоја дискретна тајновитост, на бесконечното на магичното. Сугестивната симболична димензија на таинствената атмосфера како да избликнува дирекно од длабочината на душата на уметниците во една сложено филозофско ликовна димензија, појасни Николова.

Во информацијата за МИА, авторот Владо Муковски појаснува дека оваа изложба е посебна бидејќи е работена во техника мешање на пигменти со епоксидна смола.

Тој појаснува дека сите овие дела ги работеле заедно со сопругата во доцните ноќни часови, бидејќи немале многу време за работа. Тој појасни дека самата работна атмосфера и со мешање на сите тие бои дошле до идеја самиот наслов на изложбата да биде „Метакосмија“, а што ќе го откријат сите онеи коишто ќе ја видат оваа изложба.

Неговата сопруга Ангелина со која заедно ја создадоа изложбата, вели дека создавањето на овие дела е цел процес и дека тие биле создадени многу спонтано работејќи на еден друг проект. Владо ја поттикнал да се втурнат во една нова сликарска авантура со создавање на вакви слики.

– Во тоа случајно, но сепак со намера, а што е желба на секој уметник, сакавме да создадеме нешто што самиот уметник сака да го види и самиот да се изненади во тоа што ќе го направи. Мислам дека и ние самите сме изнанадени од овие слики и се надевам и публиката. Сакавме да создадеме едно современи слики коишто ќе биде белег на ова современо општество во кое ние живееме. Како што во време на ренесансата маслото на платно било одлика за тоа време, сега со овие акрични нови медиуми, а посебно со овие смоли што сега многу се користат, а и самата нивна техника и нивниот физички изглед каков ефект даваат, јас ги поврзувам со модерната технологија, појасни Спировска Муковска.

Како што појаснија авторите, делата ги изработувале со шпакла и со мешање на боите со раце при што се создаваат разни интересни фигури на платното.

Изложбата првично беше отворена во КИЦ во Софија, потоа во Центарот за култура во Вевчани, а по Велес ќе биде изложена и во други македонси градови.

Инаку Ангелина Спирковска Муковска и Владо Муковски работат како конзерватори на ѕидното сликарство, а велешани ги познаваат како конзерватори на ѕидното сликарство во манастирската црква „Св Димитрија“ кај Велес. Воедно тие најавија дека деновиве ќе продлжат со конзерваторските работи на ѕиднто сликарство од 19 век во оваа манастирска црква.

Би можело да ве интересира

Отворање на изложбата „Денис Боувен“ во МКЦ по повод Светскиот ден на уметноста

Предраг Петровиќ

Во Музеј галерија Кавадарци изложба на дела од ликовниот уметник Новица Трајковски

Во Струмица изложба „10 до 12“ на Костадин Батев

Се отвора изложбата „Координати на еден сон: 60 години проектирање современост МСУ СКОПЈЕ 1964 – 2024“

Во Кавадарци отворена изложбата на скулптури „За послушноста”

Изложба на академскиот сликар Валентина Поцеска во “Галерија Метаноја“