Во Велес отворена изложбата „Мандала“ од Соња Чингарова Фотева

Од:

Во Ликовниот салон во Велес синоќа беше отворена изложбата „Мандала“ од Соња Чингарова Фотева од Скопје, родум велешанка.Таа пред велешка културна јавност се претстави со 25 дела масло на платно работени во периодот 2004 -2014 година.

Изложбата ја прогласи за отворена Љубен Тевдовски, директор на Музејот на град Скопје, а за делата на Чингарова Фотева на која ова и е втора изложба во Велес по првата во 1993 година,зa нејзиното творештво се осврна нејзината колешка Дора Андова Фотева – историчар на уметноста.

– Тоа е симболично сликарство кое има цврста геометрика структура со стегнат и чист конструиран цртеж и медитативен пристап.Тој делува сугестивно,но во исто време идентично како што самиот симбол длабински делува, потенцира Андова Фотева.

Според неа, тоа се дела кои треба длабоко да се гледаат, читаат и откриваат,бидејќи му припаѓаат на менталниот склоп достапни на перцепцијата.

Авторката на изложбата појаснува дека Мандала е слика на круг и квадрат.

– Тоа е динамична претстава на односот помеѓу транспарентното, вечното, божественото, кон кое човекот природно тежнее и земното, временското, метеријалното во кое се наоѓа сега. Мандалата се јавува во сите култури од праисторијата до денес, а води кон духовното искачување врзувајќи го цврсто телото и душата, појаснува авторката Чингарова Фотева.

Изложбата по Скопје и Велес ќе биде претставена и во други градови во земјава.

Би можело да ве интересира

Отворање на изложбата „Денис Боувен“ во МКЦ по повод Светскиот ден на уметноста

Предраг Петровиќ

Во Музеј галерија Кавадарци изложба на дела од ликовниот уметник Новица Трајковски

Во Струмица изложба „10 до 12“ на Костадин Батев

Се отвора изложбата „Координати на еден сон: 60 години проектирање современост МСУ СКОПЈЕ 1964 – 2024“

Во Кавадарци отворена изложбата на скулптури „За послушноста”

Изложба на академскиот сликар Валентина Поцеска во “Галерија Метаноја“