Во Велес отворена изложба од Кичевската ликовна колонија 2015

Од:

Во Ликовниот салон во Велес синоќа беше отворена ликовна изложба на дела од 22. Интернационална Кичевска ликовна колонија 2015.

Од 50-тината создадени дела, во Велес се претставени 31 дело од 19 уметници од петнаесет држави во светот:Малезија,Турција,Северен Кипар,Германија,Казахстан,Русија,Црна Гора,АлбанијаКосово,Бугарија,Македонија и други земји.

Како што појасни Елица Николова директор на Народниот Музеј од Велес и промотор на изложбата, уметноста во овој случај делува како обединувач.

– Ја гради целината, ги надополнува етничките, географските, временските разлики, ги обединува преку меѓучовечките односи. Преку разликите уметникот ја осознава својата природа трагајќи по оригинален и автентичен израз, кој во мноштвото на слики е препознатлив, потенцира Николова.

Изложбата за отворена ја прогласи нејзиниот организатор и промотор Горан Доневски од Кичево.

Тој посочи дека Куќата на уметноста сместена во густа борова шума во село Кнежино Кичевско е многу интересна за уметниците кои сакаат да бидат дел од неа.

– Куќата на уметноста поседува над 800 уметнички слики, стотина акварели и осумдесетина скулптури изработени на оваа колонија во изминатите 22 години, информира Доневски.

Досега изложбата била претставена во Кичево,Скопје, Кавадарци и сега во Велес. Во новата година се планира да биде прикажана и во Куманово, Прилеп, Битола и други градови во земјава, како и да гостува во Софија.

Во Велес изложбата беше дел од завршните културни збиднувања во рамките на манифестацијата „Велес -Град на културата 2015“.

Би можело да ве интересира

Отворање на изложбата „Денис Боувен“ во МКЦ по повод Светскиот ден на уметноста

Предраг Петровиќ

Во Музеј галерија Кавадарци изложба на дела од ликовниот уметник Новица Трајковски

Во Струмица изложба „10 до 12“ на Костадин Батев

Се отвора изложбата „Координати на еден сон: 60 години проектирање современост МСУ СКОПЈЕ 1964 – 2024“

Во Кавадарци отворена изложбата на скулптури „За послушноста”

Изложба на академскиот сликар Валентина Поцеска во “Галерија Метаноја“