Во Велес отворена изложба на фотографии и плакати од Првата светска војна

Од:

Во  Ликовниот салон во Велес синоќа беше отворена изложба „Светскиот пожар“ на фотографии и плакати од Русиja, како и од од Австрија, Бугарија, Велика Британија, Германија, Италија, Србија, Унгарија и Франциja, кои сведочат и потсетуваат на настаните кои се случувале за време на одвивањето на Првата светска војна (1914-1918 г.).

Изложбата ја  во организира Руската дијаспора во Македонија, а под покровителство на Амбасадата на Руската Федерација во Република Македонија и Институтот за култура при Меѓународниот Славјански Универзитет „Г.Р.Державин”, како и Здружението за Македонско-Руско пријателство „Димитрија Чуповски” од Велес, согласно досегашната долгогодишна успешна соработка.

Изложбата беше подготвена со помошта  на Амбасадите на Австрија, Бугарија, Велика Британија, Германија, Италија, Србија, Унгарија и Франциja.

Како што информира на отворањето  Драган Миладиновски директор на Институтот за култура на МСУ „Державин“ Свети Николе-Битола и претседател на Здружението за Македонско –Руско пријателство „Димитрија Чуповски“од Велес.

– Изложбата на документарни фотографии и плакати „Светскиот пожар“ со која се одбележуваат 100 години од почетокот на Првата светска војна, нема за цел да го прикаже текот на војната од хронолошки, туку од емоционален аспект. Нејзината основна порака е „Светскиот пожар е лош за сите и во неговиот оган горат животите на луѓе и држави… Преку изложбата, на ист простор ќе се „соберат” тогашните спротивставени страни – државите на Тројниот сојуз и Антантата, потенцира Миладиновски.

Изложбата ја отвори неговата екселенција Олег Шчербак, Амбасадор на Руската Федерација во Македонија. 

Би можело да ве интересира

Отворање на изложбата „Денис Боувен“ во МКЦ по повод Светскиот ден на уметноста

Предраг Петровиќ

Во Музеј галерија Кавадарци изложба на дела од ликовниот уметник Новица Трајковски

Во Струмица изложба „10 до 12“ на Костадин Батев

Се отвора изложбата „Координати на еден сон: 60 години проектирање современост МСУ СКОПЈЕ 1964 – 2024“

Во Кавадарци отворена изложбата на скулптури „За послушноста”

Изложба на академскиот сликар Валентина Поцеска во “Галерија Метаноја“