Во Солун изложба на дела на уметници од ЈИЕ организирана од МСУ

Од:

Во Музејот на современата уметност МоМУС во Солун в среда ќе биде отворена изложбата „Сè што ни е заедничко” организирана од Музејот на современата уметност (МСУ) од Скопје, на која ќе бидат претставени дела на 14 уметници од Југоисточна Европа.

Изложбата ја испитува несигурноста во различните социјални, политички и културни контексти поврзани со ранливоста и егзистенцијалната непредвидливост во земјите од Југоисточна Европа.

– Видео, сликарство, фотографија и инсталации се медиумите кои се користат за да се подигне свеста за општата опасност и да нѐ натера да го доведеме во прашање начинот на кој ја доживуваме нашата актуелна ситуација и да нè натера да размислуваме како нашите индивидуални визии, одговорности и обврски можат да бидат социјално споделени и да служат на колективни цели, информира МСУ.

Куратори на изложбата се Мира Гаќина и Јованка Попова од МСУ, а ќе бидат претставени дела на македонските уметници Велимир Жерновски, Христина Иваноска, Ѓорѓе Јовановиќ и Јане Чаловски и на уметниците Ана Адамовиќ (Србија), Лучезар Бојаџиев (Бугарија), Флака Халити и Албан Муја (Косово), Ибро Хасановиќ (Босна и Херцеговина), Ахмет Огут (Турција), Марија Пападимитриу и Антонис Питас (Грција), Рената Полјак (Хрватска), Анри Сала (Албанија / Франција),

Изложбата е финансиски подржана од Министерство за култура на Република Северна Македонија и Еуролинк осигурување. Таа е соработка помеѓу двата музеја (МСУ-Скопје и МоМУС-Солун) како дел од пошироката заедничка програма на МСУ Скопје со институции и музеи од регионот, Европа и пошироко.

Во Солун изложбата ќе биде отворена за јавноста до 15 септември 2019, а потоа Музејот на современа уметност-Скопје на крајот од септември ќе биде домаќин на изложба на дела од колекцијата на солунскиот музеј МоМУС.

Би можело да ве интересира

Отворање на изложбата „Денис Боувен“ во МКЦ по повод Светскиот ден на уметноста

Предраг Петровиќ

Во Музеј галерија Кавадарци изложба на дела од ликовниот уметник Новица Трајковски

Во Струмица изложба „10 до 12“ на Костадин Батев

Се отвора изложбата „Координати на еден сон: 60 години проектирање современост МСУ СКОПЈЕ 1964 – 2024“

Во Кавадарци отворена изложбата на скулптури „За послушноста”

Изложба на академскиот сликар Валентина Поцеска во “Галерија Метаноја“