Во продажба билетите за 32. Скопски џез фестивал

Од:

Пуштени се во продажба билетите за 32-то издание на Скопскиот џез фестивал, што оваа година ќе се одржува од 17-ти до 21 октомври.

На првата вечер во МОБ ќе настапат британско-словенечкиот тандем Еван Паркер/Златко Каучич и Британците Гет д’ Блесинг за кои цената на влезницата е 400 денари.

Билетот за настапите на норвешкото дуо Сидсел Ендресен/Стиан Вестерхус и на квартетот на легендарниот американски гитарист Џон Аберкромби на 18 октомври во МОБ се продава по цена од 600 денари.

Балканската премиера на проектот „Балкан Февер” со харизматичниот диригент Кристјан Јарви, Македонската филхармонија, Влатко Стефановски, Мирослав Тадиќ и Теодосиј Спасов ќе биде на 19 октомври  во Универзална сала, а цената на билетот е 800 денари.

Исто толку ќе чини и влезницата за следната вечер во Универзалната сала, на која ќе се претстави легендарната џез-пејачка Касандра Вилсон со бендот Хариет Тубман, како и џез-иконата Роско Мичел со своето трио.

За концертите на славниот Дејв Холанд и неговиот последен проект „Присм“ и на новата ѕвезда на евопскиот џез Ибрахим Малуф, на последната фестивалска вечер во Универзалната сала, посетителите ќе треба да платат 600 денари.

Влезниците за полноќните концерти, што ќе се одржуваат од 18-ти до 21 октомври во Сити хол центар (поранешен „Хард рок“), ќе бидат по цена од 300 денари.

Комплетот билети за сите вечери (вкучувајќи ги и полноќните концерти) се продава по цена од 2.600 денари. Влезниците за 32. Скопски џез фестивал може да се набават во: Југотон рекордс, Пола Југотон, МОБ, Универзална сала и на www.kupikartizase.com.

Би можело да ве интересира

Џез Фабрика фестивал Битола дел од светската мрежа на Арт фестивали

А1он

„Јон Вардар против галаксијата” викендов беше премиерно прикажан во Шпанија

Победничката на UpBeat – Best New Talent Award на фестивалот Звукот на Скопје

Битола по теркот на светските џез сцени: Национален Џез Оркестар и Мартин Ѓаконовски – Шпато со изведби посветени на Реј Браун

Предраг Петровиќ

Едукација, хуманост и забава на едно место: Вечерва прво издание на „Ајде фестивалот“ чиј покровител е Хајделберг факултет

Хајделберг Факултетот во Скопје главен покровител на првото издание на „Ајде фестивалот“ во општина Аеродром