Во НУБ изложба за победата над фашизмот

Од:

Во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје денеска ќе биде отворена изложбата „Победата над фашизмот. Како се постигна” која ја прикажува стравотната слика на геноцидот во СССР и на окупираните територии во европските земји, вклучувајќи го и Холокаустот.

Претставени ќе бидат и материјали за ослободувањето на европските земји од советските војници.

Изложбата може да се види до 12 мај 2015. Ја организира Амбасадата на Руската Федерација во соработка со НУБ и е во рамки на низата свечености планирани од Амбасадата по повод 70-годишнината од победата во Големата татковинска војна. 

Пред присутните на отворањето ќе се обратат рускиот амбасадор Олег Шчербак и директорот на НУБ Иван К. Заров.

Би можело да ве интересира

Отворање на изложбата „Денис Боувен“ во МКЦ по повод Светскиот ден на уметноста

Предраг Петровиќ

Во Музеј галерија Кавадарци изложба на дела од ликовниот уметник Новица Трајковски

Во Струмица изложба „10 до 12“ на Костадин Батев

Се отвора изложбата „Координати на еден сон: 60 години проектирање современост МСУ СКОПЈЕ 1964 – 2024“

Во Кавадарци отворена изложбата на скулптури „За послушноста”

Изложба на академскиот сликар Валентина Поцеска во “Галерија Метаноја“