Во Неготино отворена изложбата „Ана Франк-историја за денес”

Од:

„Ана Франк-историја за денес” е насловена изложбата која синоќа беше отворена во музејот во Неготино. На 39 паноа беа претставени бројни детали за животот на малата  Ана и нејзиното семејство за време на Втората свестка војна.

Градоначалникот на Неготино  Ванчо Апостолов изрази задоволство од  соработката со амбасадата на Кралството Холандија и надеж дека пораката испратена преку изложбата ќе допре до сите нас, учејќи не на  почитувањето на човековите права,  како и помирувањето преку дијалог за заедничкото минато.

– Следејќи го патоказот на оваа изложба, се проткаени големи настани кои се случувале во минатото. За нив  преку изложените паноа ќе научиме многу. Повторувајќи на тоа дека преку промоција и критичко размислување, ќе ги надминеме проблемите од минатото и почитуваме тоа што го имаме денес, рече Апостолов во обраќањето.

Холандскиот амбасадор Ваутер Пломп, кој присуствуваше на отворањето на изложбата изрази задоволство од соработката и нагласи дека  поминаа 70 години од објавувањето на дневникот на Ана Франк.

– Нејзиното семејство се преселило од Германија во Холандија во 1933 година. Со тоа тие станале дел од мултикултурната историја на Холандија. Белешките во карираната тетратка на Ана се скапоцен книжевен споменик кој ни кажува една многу лична приказна за едно девојче заробено во виорот на војната. Таму може да видиме како ова девојче ни раскажува за своето време, за нејзиниот начин да избегне од мизеријата и да бара слобода, нагласи Пломп.

Организатори на изложбата се Младинскиот образовен форум и куќата на Ана Франк од Амстердам, со поддршка на Министерството за надворешни работи, Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите  од Македонија, Амбасадата на Кралството Холандија и Министерството за култура.

Би можело да ве интересира

Отворање на изложбата „Денис Боувен“ во МКЦ по повод Светскиот ден на уметноста

Предраг Петровиќ

Во Музеј галерија Кавадарци изложба на дела од ликовниот уметник Новица Трајковски

Во Струмица изложба „10 до 12“ на Костадин Батев

Се отвора изложбата „Координати на еден сон: 60 години проектирање современост МСУ СКОПЈЕ 1964 – 2024“

Во Кавадарци отворена изложбата на скулптури „За послушноста”

Изложба на академскиот сликар Валентина Поцеска во “Галерија Метаноја“