Во Музеј на Македонија ретроспектива на филмови за обреди поврзани додолките и џоломарите

Од:

Ретроспектива на уметничките и документарните филмови „Бериќет“ и „Ливада“ во режија на Митко Панов и „Џоломари“ и „Самовилска вода“ на етнологот Владимир Боцев, во кои се екранизирани некои од обредите поврзани со додолките и џоломарите, се одржа денеска во Музејот на Македонија.

Боцев истакна дека во филмот „Џоломари“ е прикажан обредот со маски во селото Бегниште кавадаречко, кој се одржува секоја година на 13 и 14 јануари и според него, претставува еден бисер кој допрва треба да се открие пред пошироката јавност, иако веќе почнува да се знае повеќе за него.

– Тоа е обред во кој учествуваат само мажи маскирани со мустаќи, со овчарски наметки, има две невести и баба. Тие се главните ликови, го обиколуваат селото, скокаат, играат, и имаат цел да обезбедат плодност, меѓутоа и една друга функција која ја интегрира заедницата како една целина и таа зрачи едно единство во околината, рече Боцев.

Посочи дека вториот негов филм е за местото Самовилска вода која се наоѓа во близина на кумановското село Зубовце, кое, како што рече, е исто така еден од бисерите во македонската традиционална култура и народот силно верува дека изворот кој се наоѓа таму може да помогне во лекување на разни болести.

– Местото е навистина мистичко, како да се наоѓате во друг свет…Кога ќе дојдат луѓето тогаш ја гледате вистинската моќ на изворот и на местото преку нивното цврсто уверување дека водата ќе им помогне, потенцира Боцев.

Ретроспективата на филмовите, како и неколку други настани во кои ќе се презентираат ритуали каде се стимулира плодноста на луѓето, природата или пак на годината, се составен дел на изложбата „Црвен петел-црна кокошка: култови на плодноста, обреди и верувања“ која се одржува во Музејот на Македонија.

Би можело да ве интересира

Во битолскиот Музеј отворена изложба на предисториски предмети „Првите кралеви на Европа“

А1он

Турскиот музеј прогласен за најдобар во светот

Врв на стрела од бронзеното време направен од материјал кој не е од оваа планета

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Тенкови и хеликоптери „војуваат“ во Црвеното Море, фронтот на дното е покриен со корали

Со изложба одбележан Денот на музеите во Штип

Ана Ололовска

Бесплатен влез во МСУ – Скопје по повод Светскиот ден на културното наследство

Ана Ололовска