Во МНТ педесетта изведба на „Парите се отепувачка“

Од:

На малата сцена на Македонскиот народен театар вечерва ќе биде одиграна 50-тата изведба на претставата „Парите се отепувачка“, инспирирана од истоимената драма на Ристо Крле и романот  Деветта конфигурација на Вилијам Питер Блативо.

Претставата е во режија на Бојан Трифуновски, а сценографијата и костимографијата се на Мери Георгиевска.

Во претставата играат Драгана Костадиновска – Барбара/Мара, Славиша Кајевски – Јован/Анѓеле, Софиа Насевска Трифуновска – Хана/Ката, Гораст Цветковски – Митре/Владимир.

Претставата премиерно беше изведена на 3 декември 2011 година, а минатата година гостуваше на Меѓународниот театарски фестивал ФИАТ во Подгорица, како и на Денови на МНТ во Кратово и Струга по повод 115 години од раѓањето и 40 години од смртта на Ристо Крле.

Би можело да ве интересира

Почина актерот Мустафа Јашар

Светски ден на театарот, бесплатни претстави во Скопје

(ВИДЕО) Српски актер го прекина настапот поради жена која телефонираше: Немам нерви како коњ

Предраг Петровиќ

Во Битола премиера на театарската претстава „Вујко Вања“

Предраг Петровиќ

Премиера на „Петар Пан“ во Струга, средствата од влезниците хуманитарно за Бојан

Ана Ололовска

По повеќе од 30 години прво гостување на македонски театар на сцената на Народниот театар во Албанија

Ана Ололовска