Во МКЦ изложба на бугарскиот уметник Иван Шопов

Од:

Во Младинскиот културен центар денеска во рамки на фестивалот на нови медиуми „Intermedia Day“ ќе биде отворена изложбата на графики „Светла и сенки“ од бугарскиот уметник Иван Шопов.

Во поставката се над триесет графики што Шопов ги има креирани во последните неколку години.

Изложбата е поддржана од Министерството за култура и Културно-информативниот центар на Бугарија во Република Македонија, додека иницијатор е „Скопје Вавилон“.

Шопов е мултиталентиран креативец, кој издава и музика под псевдонимите COOH и Balkansky,  ѝ припаѓа на младата генерација ликовни автори. Дипломирал на Софиската национална академија на уметностите, како првенец на генерација, а од  2008 година почнува да ги изложува своите дела низ Европа. Во 2011 година го објави компилациското ЦД „Светла и Сенки“, кое содржи негови ликовни дела во дигитален формат.

Би можело да ве интересира

Отворање на изложбата „Денис Боувен“ во МКЦ по повод Светскиот ден на уметноста

Предраг Петровиќ

Во Музеј галерија Кавадарци изложба на дела од ликовниот уметник Новица Трајковски

Во Струмица изложба „10 до 12“ на Костадин Батев

Се отвора изложбата „Координати на еден сон: 60 години проектирање современост МСУ СКОПЈЕ 1964 – 2024“

Во Кавадарци отворена изложбата на скулптури „За послушноста”

Изложба на академскиот сликар Валентина Поцеска во “Галерија Метаноја“