Во Куманово отворена изложбата „Коса“ на Биљана Кајевиќ

Од:

Во кумановскиот Центар за култура „Трајко Прокопиев“ вчера вечер беше отворена изложбата „Коса“ на авторката Биљана Кајевиќ.

Изложбата содржи 30 експонати работени во различни техники, цртежи работени со туш, дигитални фотографии, акрилик и масло на платно, како и објекти на стакло и дрво.

Робертс Цветковски, историчар на уметност од кумановскиот центар за култура, на отворањето рече дека посетителите имаат можност да видат невообичаена мошне креативна поставка каде што темата е косат на еден од ретките концептуални уметници.

– Авторката се обидува да комуницира со гледачот, презентирајќи филозофски замисли и се труди  на инспиративен, визуелен  начин да не поврзе со нејзиното творештво, изјави Цветковски.

Изложбата се базира на линија, структура, форма, симболика во коишто косата е ставена во разни контексти и релации. Авторката објаснува дека темата потекнува од коцептот со кој пред две години се презентирала во Њујорк, на тема „Вештерка“.

– Сега оваа тема е стеснета на еден женски аспкет на косата, како истражување на естеска, иториска, мистична функција на косата и жената низ историјата и денеска, како се обележувале, на некој начин санкционирале и не само поради тематиката, туку  и поради ликовно изразување, бидејќи доста работам цртеж и структурата и линијата на косата се доста податни за цртање, изјави авторката Кајевиќ.

Таа  дипломира на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, во класата на професор Рубенс Корубин. По дипломирањето работи на дизајн на поштенски марки  и разгледници за одделот за филателија при Пошти на Македонија. Кајевиќ реализира 14 самостојни изложби и учествувала на повеќе групни изложби во земјава и странство. Оваа е нејзина трета самостојна изложба пред кумановската публика

Изложбата која се реализира со поддршка на Министерството за култура, ќе биде поставена до 15 октомври.

Би можело да ве интересира

Отворање на изложбата „Денис Боувен“ во МКЦ по повод Светскиот ден на уметноста

Предраг Петровиќ

Во Музеј галерија Кавадарци изложба на дела од ликовниот уметник Новица Трајковски

Во Струмица изложба „10 до 12“ на Костадин Батев

Се отвора изложбата „Координати на еден сон: 60 години проектирање современост МСУ СКОПЈЕ 1964 – 2024“

Во Кавадарци отворена изложбата на скулптури „За послушноста”

Изложба на академскиот сликар Валентина Поцеска во “Галерија Метаноја“