Во Куманово отворена изложбата фотографии за Кокино на Илиевски

Од:

Кокино – мистичен шепот на вечноста“ е насловот на изложбата на фотографии од авторот Љупчо Илиевски што вчера беше отворена во кумановскиот Центар за култура „Трајко Прокопиев“.

Претставени се 26 дела од збирката 50 фотографии на Илиевски.

Изложбата прв пат е поставена во 2009 година во Националната Галерија во Скопје, Мала Станица, и потоа во четири града во Италија, во Крањ, Словенија, и во Србија во престижниот салон во домот на Ѓура Јакшиќ.

– Куманово е прв град во Македонија по Скопје кој има можност да ја проследи изложбата во скратена верзија. Поради просторот решивме да направиме избор од 26 фотографии, рече Илиевски.

Кога почнал да го работи на Кокино, нагласи, никој не знаел што е тоа, се до 2005 година кога беше прогласено од НАСА за четврта мегалитска опсерваторија не по старост, туку по значење.моментно

Моментно Илиевски работи на два проекта од кои едниот во околината на Прилеп.

„Кокино – мистичен шепот на вечноста“ ќе биде презентирана и во Велес, годинашниот град на културата. Се преговара изложбата да биде презентирана и во Нинберг, Германија, а идната година и во Казахстан.

Кумановци ќе имаат можност да ја проследат изложбата до 15 јули,годинава.

Би можело да ве интересира

Отворање на изложбата „Денис Боувен“ во МКЦ по повод Светскиот ден на уметноста

Предраг Петровиќ

Во Музеј галерија Кавадарци изложба на дела од ликовниот уметник Новица Трајковски

Во Струмица изложба „10 до 12“ на Костадин Батев

Се отвора изложбата „Координати на еден сон: 60 години проектирање современост МСУ СКОПЈЕ 1964 – 2024“

Во Кавадарци отворена изложбата на скулптури „За послушноста”

Изложба на академскиот сликар Валентина Поцеска во “Галерија Метаноја“